Милан Обреновиќ II
Милан Обреновиќ II [белешка 1] (српски: Милан Обреновић, 21 октомври 1819 - 8 јули 1839) бил кнез на Србија и прв престолонаследник на династијата Обреновиќ [1].
Милан Обреновиќ II | |||||
---|---|---|---|---|---|
кнез на Србија | |||||
Портретот | |||||
На престол | 13 јуни - 8 јули 1839 год. | ||||
Претходник | Милош Обреновиќ I | ||||
| |||||
Династија | Обреновиќ | ||||
Татко | Милош Обреновиќ I | ||||
Мајка | Љубица Обреновиќ |
Животопис
уредиМилан бил најстариот син на Милош Обреновиќ I и кнегињата Љубица, брат на кнезот Михаило. Иако целиот свој живот бил болежлив и немал систематско образование, делумно успеал да изгради политички погледи и разбирања, меѓутоа неговата болест со текот на времето го спречила неговиот развој и дејност. На престолот дошол по абдикацијата на својот татко Милош и владеел до 8 јули 1839 година, кога починал. Поради болеста како и спротиствувањето на Советот, немал можност како кнез да потпише ниеден акт. Во историјата на современа Србија е запаметен како владетел со најкраток владетелски период (25 дена). Доњи Милановац е именуван според него.
-
Милош Обреновиќ I -
Милан со својата мајка -
Михаило Обреновиќ III, неговиот брат
Извори
уреди„Милан Обреновиќ II“ на Ризницата ? |
- ↑ Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996
Белешки
уреди- ↑ Треба да се истакне дека редоследот на кнезовите од династијата Обреновиќ се одредува според презимето, а не од името како во западните монархии. Според западната традиција името на Милан би требало да биде Милан II Обреновиќ. Пример: Михајло, според западната логика требало да дојде на престолот под името Михајло I, меѓуто според српската историографија тој се именува како Михајло Обреновиќ III, бидејќи бил третиот Обреновиќ кој владеел.