Добрејка
Млада добрејка
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Зелковидни
Семејство: Зелки
Род: Добрејка
Вид: Обична добрејка
Научен назив
Lepidiumus sativum
L.
Садници на добрејка

Добрејка (обична добрејка, полска салата, грпка, грбач или крес; научLepidium sativum) — брзорастечка билка од семејството на зелките (Brassicaceae). Сродна е на поточарката и горчицата (сенф), и како нив, има остар вкус и арома.

Ова едногодишно растение достигнува 60 см во висина, со многу гранки во горниот дел. Цветчињата се бели до розикави, сместени во гроздови на гранчиња и имаат пречник од само 2 мм.[1][2]

Во земјоделството

уреди

Добрејката пазарно се одгледува во Англија, Франција, Холандија и Скандинавија.[3]

Растението е собено погодно за хидропонско одгледување и добро успева ако се навадува со вода која е по малку базна. Во домашно одгледување, добрејката се набавува како расад.[3]

Фиданките се берат една до две недели по садењето, кога се високи 5–13 см.[4]

Во кулинарството

уреди
Добрејка, сирова
Хранлива вредност на 100 г
Енергија134 kJ (32 kcal)
5,5 г
Шеќери4,4 г
Влакна1,1 г
2,6 г
Витамини
Витамин А (екв.)
(43 %)
346 μг
(38 %)
4.150 μг
12.500 μг
Тиамин 1)
(7 %)
0,08 мг
Рибофлавин 2)
(22 %)
0,26 мг
Ниацин 3)
(7 %)
1 мг
Пантот. кис. 5)
(5 %)
0,247 мг
Витамин Б6
(19 %)
0,247 мг
Фолна кис. 9)
(20 %)
80 μг
Витамин Ц
(83 %)
69 мг
Витамин Е
(5 %)
0,7 мг
Витамин К
(516 %)
541,9 мг
Минерали
Калциум
(8 %)
81 мг
Железо
(10 %)
1,3 мг
Магнезиум
(11 %)
38 мг
Манган
(26 %)
0,553 мг
Фосфор
(11 %)
76 мг
Калиум
(13 %)
606 мг

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Добрејката се додава во чорби, сендвичи и салати поради остриот вкус кој го дава.[4] Се јаде и во облик на из’ртени никулци, а семките можат да се користат како зачин наместо бибер, свежи или сушени.[3] Во Англија често се става во сендвичи заедно со варено јајце, мајонез и сол.

Други примени

уреди

Семето на добрејката се користи како народен лек во Индија уште од древноста.[5] Семето се горчливо и се користи за загревање и прочистување, како тоник, афродизијак, за подобрување на видот, против скорбут, алергии и за подобрување на мокрењето. Помага во лечењето на астма, кашлици со искплукување, како топли облоги за шинати места, против лепра, кожни болести, дизентерија, пролив, спленомегалија, диспепсија, лумбаго, леукореја, скорбут и слабост во семето. Делува на симптомите на астмата и за подобрување на работењето на белите дробови.[6] Се смета дека семето има и хипогликемско својство,[7] а лепливата материја што се добива од нив може да биде замена за гумарабика и трагакант.

Наводи

уреди
  1. Vegetables of Canada. NRC Research Press. ISBN 0-660-19503-8, ISBN 978-0-660-19503-2
  2. Boswell, John T. and Sowerby, James. English Botany: Or, Coloured Figures of British Plants. Robert Hardwicke, 1863. стр. 215.
  3. 3,0 3,1 3,2 Vegetables of Canada. NRC Research Press. ISBN 0-660-19503-8, ISBN 978-0-660-19503-2
  4. 4,0 4,1 Hirsch, David P.. The Moosewood Restaurant kitchen garden: creative gardening for the adventurous cook. Ten Speed Press, 2005. ISBN 1-58008-666-7, ISBN 978-1-58008-666-0
  5. „The Wealth of Indian Raw Materials ,“. New Delhi: Publication and information Directorate. 1979. стр. CSIR Vol 9, Page 71–72. На |first= му недостасува |last= (help); Отсутно или празно |url= (help)
  6. NP, Archana; Anita, AM (2006). „A study on clinical efficacy of Lepidium sativum seeds in treatment of bronchial asthma“. Iran J Pharmacol Ther. 5: 55–59.
  7. M, Eddouks; Maghrani M; Zeggwagh NA; Michel JB (2005). „Study of the hypoglycaemic activity of Lepidium sativum L. aqueous extract in normal and diabetic rats“. J Ethnopharmacol. 97 (2): 391–395. doi:10.1016/j.jep.2004.11.030. PMID 15707780.

Надворешни врски

уреди