ОУ „Кирил и Методиј“ - Центар

основно училиште во Општина Центар

ООУ „Свети Кирил и Методиј“основно училиште во Центар, Општина Центар.[2]

Свети Кирил и Методиј

Место
Општина: Центар
Наречено по: Кирил и Методиј
Нас. место: Центар
Адреса: ул. „1737“ бр. 1
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1836; пред 187 години (1836)
Директор: Соња Кирковска
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место https://www.oukimcentar.edu.mk/
Е-пошта info@oukimcentar.edu.mk
Телефон 2 3164 357
Зграда на ОУ „Свети Кирил и Методиј“
Карта
Општи податоци
Координати41°59′50.7″N 21°26′20.5″E / 41.997417° СГШ; 21.439028° ИГД / 41.997417; 21.439028
Почната1963[1]
Завршена1964 (денешна зграда)
Урната1903, 1963
Технички податоци
Подна површина3101 м2[1]

Историја

уреди

Училиштето било основано во 1836 година. Во 30-тите години на 19 век во дворот на тогашната новоизградена црква „Рождество на Пресвета Богородица“ било отворено првото училиште во Скопје, кое било ќелијно. Прв и главен учител бил Павле Хорват, хиландарски монах од дебарскиот манастир. Со отворањето на училиштето првпат децата на скопјаните можеле да учат на својот мајчин македонски јазик. Започнала борбата на Македонија против ширењето на грчкиот јазик и просвета.[3]

Училиштето го добило името на светите солунски браќа на 11 мај 1858 г. кога е одржана првата прослава во нивна чест. Во 1848 година по покана на градските прваци во Скопје, дошол познатиот преродбеник и просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот. Тој го отворил првото световно училиште со настава на македонски јазик. Неговото доаѓање означува пресвртница за просветно-културниот и националниот живот во Скопје. Тој ги разделил учениците по одделенија, вовел клупи и современи наставни средства (заемни таблици, песочница, географска карта, глобус и др.).[3]

Првата училишна зграда била во употреба сѐ до 1903 година, кога на истото место била изградена нова во која ќе биде изведувана настава сѐ до катастрофалниот земјотрес во 1963 година. По ослободувањето на Скопје, на 13 ноември 1944 година, училиштето продолжило со работа. 475 ученици првпат ја следеле наставата на македонски литературен јазик. Следната 1945/46 година, бил основан пионерскиот одред „Христијан Тодоровски-Карпош“, а почнала да работи и училишната кујна.[3]

Во учебната 1948/49 година кон ОУ „Св. Кирил и Методиј“ било присоединето ОУ „Рајко Жинзифов“. На 24 јули 1962 година кон ОУ „Св. Кирил и Методиј“ било присоединето и „Цветан Димов“. Бројот на учениците бил зголемен на 1.300, распоредени во 37 паралелки од прво до осмо одделение. На 26 јули 1963 година, настанал катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој коренито изменил многу работи и ја срушил училишната зграда. Многу жители го напуштиле градот и се населиле во новите градски населби, што резултирало со намалување на бројот на учениците во следната 1964 година на 541.[3]

На 28 декември 1964 година, на местото на старата зграда урната во земјотресот почнала да работи новата зграда со 24 училници во кои учеле само ученици од 5. до 8. одделение. Во 1970 година, поради целосно менување на урбанистичкиот план во овој дел на градот и изградба на Народната и универзитетска библиотека, била урната и фискултурната сала.[3]

Училиштето има своја кујна создадена во 1970 година.[3]

Во учебната 1973/74 година училиштето го сменило своето име во „Кирил и Методиј“ губејќи го зборот „Свети“.[3]

Училиштето било правно преосновано во 1985 година, верифицирано со актот ИО – ГНОО на Град Скопје.[1]

Третиот период од постоењето на училиштето се одликува со голем број промени во начинот на неговото функционирање. Со независноста на Македонија, доаѓа и до промена на името, па така од 1993 година на свечената седница било пререгистрирано во „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје.[3]

Во 2019 година, училиштето добило нова спортска сала.[3]

Во раните 2020ти, училиштето се состоело од 21 паралелка.[1]

Директори

уреди
  • Соња Кирковска[4]

Учество на натпревари

уреди

Освоени награди

уреди

Познати личности кои учеле во ова училиште

уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Лична карта на училиштето“. ОУ „Свети Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот на 22 септември 2023. Посетено на 19 мај 2024.
  2. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Мартина Штериова (24 мај 2022). „Св. Кирил и Методиј – Првото основно училиште во Скопје“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 24 мај 2022. Посетено на 19 мај 2024.
  4. „Вработени“. ОУ „Свети Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот на 19 мај 2024. Посетено на 19 мај 2024.

Надворешни врски

уреди

Матична страница