Нојштат на Рибенберге
Нојштат на Рибенберге (германски: Neustadt am Rübenberge, се употребува и кратенката Neustadt a. Rbge.) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа помеѓу покраинскиот главен град Хановер и градот-држава Бремен.
Нојштат на Рибенберге
Neustadt am Rübenberge | |
Поглед на старото Градско собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градски единици | 34 |
Градоначалник | Доминик Хербст (Зелени) |
Основни податоци | |
Површина | 357,52 км2 |
Надм. височина | 38 м |
Население | 45.262 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 127 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 31535 |
Повик. бр. | 05032, 05034, 05036, 05072, 05073 and 05074 |
Портал | www.neustadt-a-rbge.de |
Местоположба на градот Нојштат на Рибенберге во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°30′0″N 9°28′0″E / 52.50000° СГШ; 9.46667° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиГрадот се наоѓа на реката Лајне, североисточно од Штајнхудското Езеро.
Нојштат со својата површина од 357 км² – што претставува илјадити дел од површината на Германија – припаѓа на 100. најголеми градови во Германија и е најголем град кој припаѓа на округ во „старите покраини“.
Градски единици
уредиНојштат се состои од самиот град (поранешен окружен град) и 33 околни места (порано: општини):
|
|
Нојштат опфаќа и други помали населби, како што се Баумиле и Бруненборстел (припаѓаат на Ладерхолц), Динсторф (припаѓа на Бразе), Химелрајх (на Емпеде), Мекленхорст, Мордорф (на Погенхаген), Шарнхорст (на Басе) и Вармело (на Есперке).
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет на Нојштат на Рибенберге се состои од 40 членови.[2] Ова е еднакво на предвидениот број за општина со број на жители од 40.001 и 50.000.[3] Советот е избиран на општи локални избори на секои пет години. Моменталниот состав е избран на изборите одржани на 1 ноември 2016 година.
Покрај членови, право на глас има и градоначалникот
Избори | SPD | CDU | Зелени | FDP | UWG | BürgerForum | Левица | AfD | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
11 септември 2016 г. | 12 | 13 | 5 | 2 | 4 | – | 1 | 4 | 41 |
11 септември 2011 г. | 15 | 13 | 8 | 1 | 2 | 1 | 1 | – | 41 |
10 септември 2006 г. | 13 | 14 | 4 | 2 | 1 | 3 | – | – | 37 |
Претседавач со Советот е Вилхелм Веземан (CDU).
Градоначалник
уредиОд 1 ноември 2019 година, градоначалник е Доминик Хербст (Зелени).
Збратимени градови
уредиНојштат е збратимен со следниве градови:
Освен тоа член е на меѓународната заедница „Нојштат во Европа“ со 37 члена од седум држави.
Познати луѓе
уреди- Фридрих Дедекинд (околу 1525–1598) — хуманист, теолог и писател
- Лудвиг Кристоф Хајнрих Хелти (1748–1776) — поет
- Герхард фон Шарнхорст (1755–1813) — пруски генерал
- Георг Грабенхорст (1899–1997) — писател
- Дениз Ајчичек (р. 1990) — фудбалер
- Себастијан Ернст (р. 1995) — фудбалер
Галерија
уреди-
Замок Ландестрост
-
Судот и затворот во градот
-
Старо училиште
-
Градската црква
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Rat der Stadt“. Webseite Neustadt a. Rbge (германски). Посетено на 2017-10-02.
- ↑ „Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG); § 46 – Zahl der Abgeordneten“. Niedersächsisches Vorschrifteninformationssystem (NI-VORIS) (германски). 2010-12-17. Архивирано од изворникот на 2020-06-26. Посетено на 2019-10-06.
Надворешни врски
уреди- Нојштат на Рибенберге на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)