Нов Чифлик (Кумановско)

историско село во Кумановско

Нов Чифлик — историско село во Кумановско, на територијата на денешна Општина Куманово.

Нов Чифлик
Нов Чифлик во рамките на Македонија
Нов Чифлик
Местоположба на Нов Чифлик во Македонија
Нов Чифлик на карта

Карта

Координати 42°0′0″N 21°43′14.16″E / 42.00000° СГШ; 21.7206000° ИГД / 42.00000; 21.7206000
Регион Североисточен
Општина Куманово
Област Блатија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Нов Чифлик на општинската карта

Атарот на Нов Чифлик во рамките на општината
Нов Чифлик на Ризницата

Географија

уреди

Селото било сместено во котлината Блатија на десниот брег на реката Пчиња, недалеку од Костурник и неколку километри северно од Горно Коњаре, чиј атар денес го опфаќа неговото подрачје.

Историја

уреди

Кон крајот на XIX век Нов Чифлик е познат како македонско село. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Нов Чифлик (Nov-Tchiflik) е село во Кумановската каза со вкупно 90 жители, од кои 48 Македонци[2] под врховенството на Бугарската егзархија, 30 Власи и 12 Роми.[3]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означува Ново Село (Novoselo) како село со нејасен етнички состав.[4]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Надворешни врски

уреди