Ново Скилич
Ново Скилич (грчки: Καλοχώρι, Калохори; до 1970 година: Нео Скилици, Ново Скилици) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Ново Скилич Καλοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°36′N 22°22′E / 40.600° СГШ; 22.367° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Антигониди |
Надм. вис. | 20 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 232 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на осум километри западно од градот Гида, крај самиот главен пат од Гида за градот Бер, на надморска височина од 20 метри.[2]
Сместено е во областа Урумлак.
Историја
уредиСелото претставува потполно нова бегалска населба подигната по 1928 година, во која биле сместени бегалски семејства. Првпат е забележено со пописот во 1940 година.[2] Во 1928 година биле сместени 25 бегалски семејства со вкупно 95 жители.[3].
По основањето на селото Ново Скилич, старото село Скилич започнало да се нарекува Старо Скилич. Во 1970 година, Ново Скилич е преименувано во Калохори (Καλοχώρι).[4]
Стопанство
уредиКако и во другите села во ова подрачје, и во Ново Скилич се произведува памук, шеќерна репка и пченица.[2]
Голем дел од обработливите површини се добиени по извршните мелиорации во околината, а дел од нивите и се наводнуваат.
Население
уредиСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Скилич (Шкиличи), Берска каза, живееле 80 Грци христијани.[5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Скилич Шкиличи (Skilitch Chkilitchi) живееле 75 Грци.[6]
Првпат селото е споменато со пописот од 1940 година, кога биле забележани 271 жител. Во 1951 година биле попишани 294, во 1961 година 353, во 1971 година 296, во 1981 година 321, а во 1991 година 283 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 242 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 232 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 271 | 294 | 353 | 296 | 321 | 283 | 242 | 232 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пископи, во кој покрај селото Ново Скилич се наоѓа и селото Пископи.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νέον Σκυλίτσιον -- Καλοχώριον
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.