Бел Тимок е река во источна Србија која се создава кај Књажевац со спојување на Сврљишки и Трговишки Тимок, од таму тече на север паралелно со границата на Србија и Бугарија на исток и планината Тупижница на запад. Кај градот Зајечар Бел Тимок се спојува со Црн Тимок со кој го сочинуваат Големиот Тимок или само Тимок. Бел Тимок има должина од 49 км (со Сврљишки 115 км). Сливот на Бел Тимок зафаќа ппвршина од 1.096 км2. Порано бил познат под името Књажевачки Тимок. Неговата долина е широка и густо населена. Ширината преоѓа 1 500 m. Реката тече и образува меандри, кои го успорувааат отекувањето и излевањето на водата при отопување на снегот во сливовите на нејзина составнички, како и после силни и подолги дождови. Кај селото Вратаница усекот е 5 км долга и 190 m длабока клисура, која е граница помеѓу Књажевачка котлина на југ во Зајечарска котлина на север. Просечен годишен проток кај Књажевац е 11,7 м3/с, а кај Зајечар 17 м3/с. Најголем забележан проток на устието бил 254 м3/с, а најмањи 0,125 м3/с. Речна мрежа во сливот на Бел Тимок густа е и изнесува 873 м/км2, но голем број на притоки пресушуваат особено воо текот на летото. Помеѓу нив најголеми се Јелашничка, Коритска, Селачка, Грилшка и Лубничка река. Главните притоки се Јелашничка и Коритска река од десната страна и Грлишка и Лубничка река од левата страна. На Грлишка река изградено е вештачко езеро со зафатнина од 12 милиони м3, неговата основна функција е снабдување на градот Зајечар со вода.

Бел Тимок
Местоположба
Физички особености
УстиеТимокДунав
Должина51 км
Особености на сливот
Карта

Река на почеток на јули 2007, двапати доживеала еколошка катастрофа, по излевања на амонијак од књажевачките фабрики и канализација.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • С. Станковић, „Режим на Бел Тимок“, ЗРГИ ПМФ, Бг, 1966, 13.

Литература

уреди
  • Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно |title= (help)
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.