Нико Ташков Пусоски ( 1911 во Кичево12 февруари 1944 во Барбарас, Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Нико Пусоски
Роден 1911 година
Кичево, Македонија под Османлиско Царство
Починал 12 февруари, 1944 година
Барбарас, Бродско, Македонија под фашистичка окупација
Стрелан од бугарите.
Националност Македонец

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште завршил и три класа гимназија. Бидејќи немал можност да го продолжи школувањето, се занимавал со шиење. Покрај тоа, се занимавал и со киноапаратерство. Од 1936 година работел во Рудникот „Цер“. Како работник во Рудникот уште nред Војната, се поврзал со Крушевската партиска организација, а со формирањето на Првата партиска организација во Кичево, во есента 1941 година. Нико бил нејзин член и работел во Комисијата за воени прашања и имал задача да ги организира селата. Успеал да организира партиски живот во селото Карбуница во пролетта 1942 година. Од Местниот комитет бил задолжен да работи со малцинството во градот, а летото 1942 година, како секретар на основната организација во градот, работел со албанското малцинство. Во пролетта 1943 година станал член на Местниот комитет на КПМ за Кичево, а потоа стапил во редовите на Првиот кичевско-мавровски партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции, а со формирањето на Првата македонско-косовска бригада станал и нејзин борец. Со Бригадата заминал на познатиот марш низ Егејска Македонија, каде учествувал во пробојот на Богомила. Со група борци, отсечени од главнината, дошол во Македонски Брод и барајќи засолниште, биле фатени и стрелани од Бугарите на 12 февруари 1944 година.[1]

Во неговиот роден град со неговото име е именувано едно Културно уметничко друштво,[2] како и една улица во градот.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 94.
  2. „КУД Нико Пусоски Archives“. Кичево.
  3. „Улица Нико Пусоски - Кичево“. wikimapia.org. Посетено на 2021-10-05.