Нејчино

историско село во Струмичко

Нејчино — историско село на територијата на Општина Босилово, Струмичко, денес во атарот на Босилово.

Нејчино
Нејчино во рамките на Македонија
Нејчино
Местоположба на Нејчино во Македонија
Нејчино на карта

Карта

Координати 41°26′57″N 22°44′29″E / 41.44917° СГШ; 22.74139° ИГД / 41.44917; 22.74139
Регион  Југоисточен
Општина  Босилово
Област Огражден
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Географија

уреди

Селото се наоѓало во Струмичкото Поле, од левата страна на патот БосиловоРадово. На север е Старо Балдовци.[2]

Историја

уреди

Во XIX век Нејчино било мало македонско селово Струмичката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Најчило (Naïtcilo) е село со 10 домаќинства сочинети од 32 Македонци.[3][4] По податоци на митрополитот Герасим Струмички селото е иселено на крајот од XIX век. Во „Материали по географията. Струмишко“, издадени во 1896 и 1897 г. тој забележува дека Нејчино „има само неколку куќи без никој да живее во нив“.[5]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Трифуноски, Јован Ф (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник српског географског друштва. LVI (2): 76.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 188–189. ISBN 954-8187-21-3.
  5. „Материали по географията. Струмишко. Отъ Архимандритъ Герасимъ“. Библиотека. XVIII-XX: 85. 1897.