Филип Сејмур Хофман
Филип Сејмур Хофман (англиски: Philip Seymour Hoffman; 23 јули 1967 - 2 февруари 2014[1]) — американски глумец, добитник на Оскарот за најдобар главен глумец, за улогата во филмот „Капоти“, од 2005 година.
Филип Сејмур Хофман | |
---|---|
Хофман во 2011 година | |
Занимање | глумец, режисер |
Активен | 1991-2014 |
Сопружник | Мими Одонел (1999-2014; до неговата смрт) |
Животопис
уредиНа 2 февруари 2014 година, Филип Сејмур Хофман бил пронајден мртов во својот дом во Њујорк, поради предозираност со хероин. Претходно, во текот на долги години, тој се лечел од зависноста од дрогата, но третманите на рехабилитација не дале резултати и тој повторно им се враќал на старите навики.[2]
Филмска кариера
уредиВрвот на кариерата на Хофман се случил во 2005 година, кога за својата улога во филмот „Капоти“ ја добил наградата „Оскар“ во категоријата „главна машка улога“. За „Оскарот“, тој бил номиниран уште трипати, за улогите во филмовите „Учителот“, „Сомнеж“ и „Војната на Чарли Вилсон“. Инаку, тој редовно соработувал со режисерот Пол Томас Андерсон и играл во повеќе негови филмови, како: „Ноќи исполнети со буги“, „Магнолија“ и „Опиени од њубов“.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Award-winning Actor Philip Seymour Hoffman Found Dead in Manhattan Apartment“. The Wall Street Journal. 2 февруари 2014. Посетено на 2 февруари 2014.
- ↑ 2,0 2,1 Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2 јануари 2015, стр. 13.
Надворешни врски
уреди„Филип Сејмур Хофман“ на Ризницата ? |
Оваа статија за глумец или глумица од САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |