Национален парк Томорица

национален парк во Албанија

Планински национален парк Томорица (албански: Parku Kombëtar "Mali i Tomorrit") — национален парк основан во 1956 година што се наоѓа во Јужна Албанија, сместен во средишниот и повисоките делови на масивот Томорица, на површина од 261,6 квадратни километри од 2012 година, а се проширил за да ги вклучи областите на каменолом од 2019 година. Паркот зафаќа територија од 26.106 хектари.[2] Областа спаѓа во Белградската Област и има само 1.278 хектари воЕлбасанската Област.[3] Паркот е основан во 1956 година и се смета за едно од најважните заштитени подрачја за одржување на планинската биоразновидност и интегритетот на екосистемот на национално ниво. Паркот е препознаен како значајно растително подрачје од меѓународно значење од Plantlife.[4]

Национален парк Томорица
Parku Kombëtar Mali i Tomorrit
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Официјално лог
МестоБелградска Област, Елбасанска Област
Најблизок градБелград, Поличани
Координати40°42′0″N 20°8′0″E / 40.70000° СГШ; 20.13333° ИГД / 40.70000; 20.13333
Површина27.185,5 хектари[1]
Прогласено18 јули 2012 (2012-07-18)
Управно телоНационална агенција за заштитени подрачја

Томорица е антиклинала составена од варовници и карст. Планината е една од највисоките природни точки на Јужна Албанија, која се издига меѓу долините на реките Осум и Томорица на исток, во близина на Белград.

Паркот спаѓа во копнениот екорегион на мешани шуми на планините Пинд на биом на палеарктички медитерански шуми и грмушки. Како последица на неговата разновидна геологија и топографија се јавува единствена разновидност на флората и фауната. Шумите на Националниот парк Томорица се составени од разновидни видови листопадни и иглолисни дрвја и голема разновидност на цвеќиња. Шумите на паркот изобилуваат со видови како што се европска бука, босански бор, турска леска, линарија, жолта линцура, есенски мразовец, грчки бел зрак, бела имела, различник и многу други.[5][6] Во националниот парк може да се најдат бројни видови големи цицачи како волци, лисици, диви свињи, срна, диви кози, зајаци, златни орли, бувови и врапчиња. Од малите цицачи спаѓаат шумски пух и шумски глушец.[7]

Истакнати особености во националниот парк се кањонот Осум, реката Осум и масивот Томорица, кој исто така е свето место и за христијаните и за бекташите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „PËRSHKRIMI I RRJETIT AKTUAL TË ZONAVE TË MBROJTURA“ (PDF). mjedisi.gov.al (албански). стр. 7.
  2. „Vlerësimi Strategjik Mjedisor për Planin e Integruar Ndersektorial te Bregdetit“ (PDF). planifikimi.gov.al (албански). стр. 44. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-10-28.
  3. „RRJETI I ZONAVE TË MBROJTURA NË SHQIPËRI“ (PDF). mjedisi.gov.al (албански). стр. 1.
  4. IUCN, World Wide Fund for Nature, Plantlife. „Important Plant Areas of the south and east Mediterranean region“ (PDF). portals.iucn.org (англиски). стр. 75.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. „Biodiversity of the Albanian national parks and its problems“ (PDF). ressources.ciheam.org. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2017-08-18.
  6. „Rare plants and their conservation status in Tomorri National Park“ (PDF). zs.thulb.uni-jena.de.
  7. University of Tirana. „Small terrestrial mammals of Albania: distribution and diversity (Mammalia, Eulipotyphla, Rodentia)“ (PDF). zookeys.pensoft.net (англиски). Tirana.

Библиографија

уреди
  • Bollobani, Elvira; Uruçi, Rudina (2019). „Geotourism potentials of the National Park "Mali i Tomorrit"“. International Journal of Geoheritage and Parks. Elsevier B.V. on behalf of Beijing Normal University. 7 (1): 15–23. doi:10.1016/j.ijgeop.2019.03.001.