Различник

Различник (научCentaurea) — род што опфаќа преку 700 вида тревни трновидни цветни растенија од семејството на главоцветните (Asteraceae).

Различник
Синчец (Centaurea cyanus)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Потсемејство: Чички
Род: Различник
L.
Типски вид
Centaurea centaurium
L.
Синоними

Cyanus L.
Plectocephalus D.Don in R.Sweet

Членови на родот се наоѓаат само на север од екваторот, претежно на источната полутопка; на Блискиот Исток и околните региони и се особено богати со видови.

Главичестите соцветија, кои се од типот на псевданциум, се изградени од два типа на цветови. Периферно се поставени јазичести, а централно трубести цветови. Тие се најчесто обоени со убави и живописни бои, како што се: жолта, виолетова, розова, темносина, црвена, бела итн. Цветовите на периферијата на соцветието се поинтезивно обоени или послабо обоени во однос на внатрешните цветови. Во основата на соцветието се наоѓаат инволукрални лушпести ливчиња кои може да имаат израстоци како влакна, запчина, трепки и др. Листовите може да бидат прости или сложено насечени и пересто разделени. Оние видови кои растат во посушни региони имаат подолг и појак корен.

Надворешни врски

уреди