Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн
Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн (германски: Schleswig-Holsteinischer Landtag) — покраински парламент на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Заседава во покраинскиот главен град Кил и моментално се состои од 69 членови од шест политички партии. Негови главни надлежности се во образованието, културата, регионалното планирање и домашната политика. Моментално мнозинство има коалицијата предводена од Социјалдемократската партија на Германија, Зелените и SSW, која ја поддржува владата на министерот-претседател Торстен Албиг.

Ландтагот одржува партнерства со парламентот на Западнопоморското Војводство, обласната дума на Калининградската Oбласт и парламентот на Поморското Војводство.
Седиште
уредиОд 1950 година, Ландтагот заседава во Покраинската куќа (Landeshaus) во Кил, која била изградена во 1888 година како Кралска поморска академија. До 1950 година, Ландтагот заседавал во Либек, Фленсбург и Екернферде, покрај во Кил. Од неговата обнова во 2003 година, Ландтагот поседува нова плернарна сала во објектот.
Моментален состав
уредиПо изборите на 6 мај 2012 година, составот на Ландтагот е следен:[1]
Изборите се спроведуваат користејќи го пропорционалниот изборен систем, каде се потребни освојување на минимум од 5% од гласовите за да се добие место во Ландтагот. Ова правило не важи во случајот на Изборниот сојуз на Јужен Шлезвиг, кој ги претставува данското и фризиското малцинство во Шлезвиг-Холштајн и со тоа е исклучок од правилото на 5%.
Претседатели на Ландтагот
уредиДосега, претседатели на Ландтагот на Шлезвиг-Холштајн биле:
- 1946 - 1946 Паул Хусфелт (CDU)
- 1946 - 1954 Карл Рац (SPD)
- 1954 - 1959 Валтер Бетхер (CDU)
- 1959 - 1964 Клаус-Јоахим фон Хајдебрек (CDU)
- 1964 - 1971 Паул Ролоф (CDU)
- 1971 - 1983 Хелмут Лемке (CDU)
- 1983 - 1987 Рудолф Тицк (CDU)
- 1987 - 1992 Лијане Паулина-Мирл (SPD)
- 1992 - 1996 Уте Ердзик-Раве (SPD)
- 1996 - 2005 Хајнц-Вернер Аренс (SPD)
- 2005 - 2009 Мартин Кајенбург (CDU)
- 2009 - 2012 Торстен Гертс (CDU)
- од 5 јуни 2012 Клаус Шли (CDU)
Наводи
уреди- ↑ „Официјални резултати“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-11-23. Посетено на 2014-08-01.
Надворешни врски
уреди- Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 13 февруари 2010 г. (германски)
54°20′06″N 10°09′11″E / 54.335°N 10.153°E
Оваа статија поврзана со Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |