Национален парк Ѓердап
Национален парк Ѓердап — најголем национален парк во Србија, се наоѓа во североисточен дел на Србија, на самата граница со Романија. Следејќи го течението Дунав, се наоѓа по должина од 100 километари од неговиот десен брег, од Голубац до Давидовац кај Кладово, каде што се раширени зони со различни режими за заштита на природни објекти, споменик на култура, фауна и вегетација на разни видови.
Национален парк Ѓердап | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
![]() Национален парк Ѓердап | |
Површина | 637,87 km2 (246,28 sq mi) |
Воспоставен(а) | 1974 |
Мрежна страница | Djerdap |
Службен назив: Ѓердап | |
Прогласено: | 8 Јун, 2020 |
Број | 2442[1] |



Вкупната површина на националниот парк изнесува 93.968 хектари, а со заштитна зона е обфатено 63.786,48 хектари. Главна природна појава на оваа подрачје е грандиозната Ѓердапска Клисура низ која протекува реката Дунав.
Обфаќа тесен пошумен ридско-планински појас, широк 2 до 8 km долж Дунав, кој се издига над Дунав од 50 до 800 метри надморска височина.
Националниот парк Ѓердап се нарекува и речен национален парк, бидејќи значаен дел од Ѓердап го сочинува Дунав, а и најголемата и најдолгата клисура во Европа, чудесната железна порта, дивата ботаничка градина и најголемиот европски археолошки музеј во природата.
Специфичен историјски развој, многу поволна клима, комплексна мрежа на клисури, кањон и длабоки заливи, оваа област се издвојува како единствен европски резерват на терцијарна флора, вегетација и фауна.
Основање
уредиКако Национален парк Ѓердап бил прогласен во 1974 година, за да се стави под заштита на Ѓердапската Клисура и природниот простор покрај клисурата, како просторна целина, со исклучителни културно-историски вредности, значајни природни екосистеми во состав од исклучителна вредност и реткост, објекти со изворна флора и фауна и добро зачувани шуми со природен состав и исклучителен изглед.
Како компанија за заштита и развој на Националниот парк Ѓердап е основана 5 јуни а 1989 година, со усогласување со законските прописи од 1993 година, работи како Јавно претпријатие „Национален парк Ѓердап“. Седиштето на „Национални парк Ѓердап” е во Долен Милановац, а работните единици се во Добра и Текија.
- Организациска структура
- Сектор за заеднички работи,
- Сектор за заштита и одржување на развој,
- Сектор за правен, општ и деловен туризам,
- Сектор за планирање на стопанисување со шуми
Основни одлики
уредиГлавна одлика на паркот е големата шумска покривка (над 64%) и исклучителното богатство и разновидност на флора, фауна на геоморфолошки форми и богатството на културно-историски споменици од најстарите епохи до денес. Околу 9% или 5.500 хектари од Националниот парк Ѓердап е дел од Дунав, кој ѝ припаѓа на Србија. Тоа го прави Националниот парк Ѓердап национален парк. Долината на Дунав се состои од три кањонско-клисурски долини:
- Голубачка, долга 14,5 km, најмала ширина 230 m
- Госпоѓин Вир долга 15 km и најмала ширина 220 m
- Кањон на Голем и Мал Казан долга 19 km и најмала ширина 150 m
и три котлини:
- Љупковска
- Долномилановачка
- Оршавска
Кањонските долини се зачестени во варовнички јужни Карпати.
Ѓердап, Железната порта, е предизвик за патниците, трговците, воините и мировниците илјадници години. Тоа е порта помеѓу два важни културни и економски делови на светот, помеѓу долниот и средниот регион на Подунав. Ѓердап отсекогаш бил природно стратешко место од големо значење, и во војна и во мир. Затоа покрај Ѓердап има голем број историски споменици.
Со одлука на Унеско Ѓердап е прогласен за геопарк.[2]
Флора на Ѓердап не се одликува само со разновидност и богатство, туку и со изразен реликтен карактер. На просторот на паркот опстанува преку 1100 растителни врсти.
Разновидноста на живеалиштата и заедниците се рефлектира и во фауната, која, како и флората, носи белег на реликтност. Во оваа област можете да најдете мечка, рис, волк, чакал, чавка, був, црна род како и многу други видови.
Културно историско наследство
уредиМногу поволните услови за живот се причина за постојаното присуство на човекот, за што сведочат многу археолошки наоди и културно-историски споменици, како што се населбата Лепенски Вир, археолошките наоѓалишта како Тврдината Дијана, Голубачки Град , остатоци од Трајановиот мост, Трајановите табли, римски лимес, разни замоци, до зачувани примери на народна српска архитектура.
Галерија
уредиПоврзано
уредиЛитература
уреди- Милановић Пешић, Ана (уредник) (2015). НП Ђердап (Лексикони националних паркова Србије. изд.). Београд: Службени гласник / Географски институт Јован Цвијић САНУ /Национални парк Ђердап. стр. 360. ISBN 978-86-519-1799-1.
Наводи
уреди- ↑ „Djerdap“. Ramsar Sites Information Service. Посетено на 30 December 2020.
- ↑ Ђердап – први српски геопарк („Политика”, 19. јул 2020)
Надворешни врски
уреди„Национален парк Ѓердап“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (српски) (англиски) (германски)
- Паркови за природу и људе: Ђердап, прва прича РТС Образовно-научни програм - Званични канал
- Паркови за природу и људе: Ђердап, друга прича РТС Образовно-научни програм - Званични канал
- „NP Đerdap na sajtu Republičkog zavoda za zaštitu prirode Srbije“. RZZPS. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 12 март 2021.
- Митови и легенде иза гвоздених врата („Политика”, 2. јул 2017)
- На леђима Дунава