Мизантроп (француски: Le Misanthrope ou l'Atrabilaire amoureux) — комедија од 17 век, напишана од Молиер. Ако овде внел нешто ново, тоа е проширувањето на кругот: овде не е прикажана само дворската средина, туку и граѓанската класа, судот, полицијата. Главниот лик Алкест се судира истовремено на повеќе страни. Тој е во право, но сепак губи. Со оваа комедија завршува вториот, најдобриот период од книжевната дејност на Молиер.

Кратка содржина

уреди

Алкест е добар познавач на литературата. Нему за совет му се обраќа некојси Оронт, кој пишува сонети, кого лицемерните пријатели во очи го лажат и му велат дека е „мајстор за сонети“. Алкест отворено го изразува своето негативно мислење за сонетите, поради што добива огорчен непријател во лицето на навредениот писател, и кој му создава немали непријатности на Алкест.

Потоа Алкест се судира со лицемерното дворско друштво, на кое и смаиот му припаѓа според својата позиција, но чија расипаност кај него предизвикува одвратност. Но најтешко разочарување Алкест ќе доживее во својот роман. Тој ја сака Селимена, бездушна кокета, која среќата ја гледа во бучните светски задоволства, лаже, лицемерна е, и не го разбира Алкест. Но, Алкест дури и кога ќе ги види сите нејзини лоши страни, продолжува да ја сака, и готов е да ја земе за жена, да ѝ го понуди срцето под услов таа да се одрече од светската бука и во мир да се повлече со него. Но, младата кокета се плаши од такво откажување, и комедијата завршува со кликот на Алкест: „Јас ќе побарам на Земјата осамено катче, каде може слободно да се биде чесен!“

За ликот Алкест

уреди

За нас најинтересен за разгледување е главниот јунак Алкест. Тој е прототип на главните јунаци создадени многу подоцна - во XVIII век и почетокот на XIX век. А тоа се: општествени борци, енциклопедисти, поети на светската тага, песимисти. Но во 17 век сè уште немало подлога за таков тип на човек.

Затоа се истакнуваат две основни црти на Алкест: првата црта е дека тој е осамен човек со пасивен карактер, кој сепак протестира; втората црта е дека тој е главно мислител и теоретичар. Како и Дон Кихот, тој не сака да ѝ се прилагоди на стварноста. Како и Хамлет, тој во секое свое лично страдање гледа повреда на светската правда. За него не е важно личното дело, туку принципот и моралниот заклучок предизвикан од тоа дело. Мислителот Алкест се искрева над човекот.

Третата црта на Алкест е неговата мизантропија: тој ги мрази луѓето, затоа што во нив ја гледа само лошата страна. Зборовите на Алкест со кои тој ја фали едноставноста на старото време, се предвесници на протестот на Русо против културата на градскиот живот.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија: