Ралф Лорен (англ.Ralph Lauren, роден во Њујорк на 14 октомври 1939) — американски моден творец. Списанието Форбс (англ.Forbes) го класифицира како 158-ми најбогат човек на светот со богатство од 5 милијарди долари а ова автоматски го прави и најбогат моден творец во светот.

Ралф Лорен во 1978 год.

Животопис уреди

Ралф Лорен, уметничко име на Ралф Лифшиц (Ralph Lifschitz), роден е во Бронкс во 1939, во семејство на еврејски емигранти од Белорусија. Уште како дете по часовите на училиште работел за да купи костум. Во 1967 год., го создава својот заштитен знак, Поло Ралф Лорен (англ.Polo Ralph Lauren), одбирајќи име кое било инспирирано од еден спорт кој се повикува на светот на дискретна елеганција и класичен стил: полото. Во првата своја колекција дебитира со линија на кравати кои веднаш доживуваат успех, и покрај тоа што биле создадени контра тогашните модни трендови, Лорен ги создава широки и рачно изработени, користејќи необични и скапи материјали. Во 1969 год. бил првиот кој отворил свој бутик во стоковната куќа Блумингдејл (англиски|англ.Bloomingdale) во Њјурок. Во 1971 год. ја создава првата модна линија за жени со една колекција од кошули со машки стил, воведувајќи го машкиот класичен изглед во женскиот моден стил. Со линијата за жени се раѓа и логото на играчот на поло кој денес е насекаде и претставува заштитен знак на стилот на Ралф Лорен. Следната година Поло Ралф Лорен се проширува и започнува да се занимава и со модни додатоци и обувки.

На почетокот од 1987 год. лекарите утврдуваат дека Ралф Лорен боледува од тумор на мозокот. Во април истата година тој оди на операција на вадење на мозочниот тумор од која добро закрепнува.

Ралф и неговата жена Рики имаат два сина и една ќерка.

Во 2007 год. Ралф Лорен има над 35 бутици низ САД.

Занимливости уреди

Во телевизиската серија Пријатели (англ.Friends), во последните две сезони Рејчел работи во компанијата Ралф Лорен.

Надворешни врски уреди