Гламур е стар шкотски збор што се однесувал на демонската моќ за измама, збор користен да опише некого со убава надворешност[2], но внатрешност која е безвредна, невкусна или ѓаволска; магија фрлена на некого за да му се допадне нешто или некој. Кон крајот на 19 век зборот „гламур“ добива нова смисла, без магиски примеси, а денес зборот се користи за да се опише нечија привлечност или фасцинираноста од нечиј луксуз или елеганција. Гламурозен може да биде: човек, настан, место, технологија, фотографија или производ, како парче облека или пијалак на пример.

Хеди Ламар, гламурозната филмска ѕвезда[1], која изјавила: „Секоја жена може да биде гламурозна, доволно е само да седи и да изгледа глупаво.“

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „50 Of The Most Glamorous Old Hollywood Actresses“. Silver Petticoat Review. 13 November 2018. Посетено на 13 September 2022.
  2. „TED conference Virginia Postrel“.