Ричард Аведон (15 мај 1923 – 1 октомври 2004 година) ― моден фотограф  и фотограф на портрети од Соединетите Држави. Во посмртницата во дневниот весник The New York Times, било објавено дека: „ неговите портрети и модни фотографии и помогнале на Америка да го обликува својот стил за мода, убавина и култура во последната половина на дваесеттиот век.

Ричард Аведон
Ричард Аведон во 2004 година
Роден(а)15 мај 1923
Њујорк, Њујорк, Соединети Држави
Починал(а)1 октомври (81 година)
Сан Антонио, Тексас, Соединети Држави
УстановаНовата школа за општествени истражувања
Познат(а) пофотографија
СопружникДоркас Мари „До“ (Ноуел) Аведон (в. 1944; разведен 1949)
Евелин Френклин (в. 1951)

[1]

Биографија и образование

уреди

Аведон е роден во Њујорк Сити во семејство со еврејско потекло. Неговиот татко, Џејкоб Израел Аведон, е руски имигрант кој од обичен работник отвора свој бутик за фустани на Петтата Авенија наречен „Кај Аведон  на Петта Авенија“. Како дете од семејство во бизнисот за мода, неговата љубов кон модата и уметноста сè повеќе расте, а неговата мајка Ана постојано го поддржува во тоа. Во периодот кога тој има 12 години се зачленува во клубот на фотографи во „Асоцијацијата на млади евреи“. Со фотоапаратот на своето семејство (Kodak Box Brownie) тој ја буди љуботпитноста кон светот и се повлекува во себе. Критичниот и строг татко го воспитува дека физичката подготвеност, образованието и парите го подготвуваат човекот за живот. Првата муза на Ричард е неговата сестра Луиза. Во тинејџерските години таа се бори со шизофренија, која ја одвојува од реалноста. Овие влијанија поврзани со модата и семејните проблеми тој често ги изразува во своите фотографии каде прикажува трагична убавина.[се бара извор]

Аведон го завршува средното училиште DeWitt Clinton High School, во Бедфорк Парк, каде работи за училишниот весник „Мегпај“ заедно со Џејмс Болдвин  , од 1937 година до 1940 година. Како тинејџер ја добива наградата Scholastic Art and Writing Award [2] По завршувањето на средното училиште тој се запишува на Универзитетот Колумбија за да студира филозофија и поезија, но ги напушта студиите после една година. Во тоа време тој започнува да работи во морнарицата фотографирајќи портрети на екипажот за документи за лична идентификација со неговиот апарат (Rolleiflex), подарок од неговиот татко. Од 1944 година до 1950 година, Аведон студира фотографија заедно со Алексеј Бродотович во Новата школа за социјални истражувања. .

Кариера во фотографијата

уреди

Во 1944 година Аведон работи како маркетинг фотограф за една стоковна куќа, но набрзо Алексеј Бродотович кој работи како уметнички директор за модниот магазин Харперс Базар го зема во закрила. Лилиан Басман исто така ја поддржува кариерата на Аведон, па во 1945 негови фотографии се наоѓаат во Џунир Базар за една година подоцна да бидат објавени и во престижното списание Харперс Базар.

Во 1946 година отвора свое фото студио и започнува да фотографира за познати списанија како Вог и Лајф а наскоро станува и главен фотограф за Харперс Базар. Од 1950 година дава особен придонес за списанијата Лајф, Лук и Графис а во 1952 година работи како уредник и фотограф во списанието за театарска уметност. Аведон не ја користи класичната техника за фотографирање на модели, кои позираат индиферентно пред камерата, без емоции. Наместо тоа, неговите модели се насмеани, весели и често фотографирани во надворешни услови, што за тоа време било револуционерно. При крајот на педесеттите години тој не е задоволен од фотографиите на дневна светлина па решава да се врати на фотографирање во студио. [3]Предлошка:Vague[се бара извор]Предлошка:Vague[се бара извор][се бара извор]

Кога Дијана Врееланд го напушта хрперс Базар во 1962 година и почнува да работи за Вог, Аведон веднаш и се придружува. Таму тој станува главен фотограф и неговите фотографии се на насловните страници  од 1973  па сè до доаѓањето на Ана Винтур како главен уредник во 1988 година. Едни од неговите најзначајни фотосесии се оние за Џани Версаче за колекцијата пролет/лето во 1980 година. Тој фотографира за кампањата на  Келвин Клајн, каде ја фотографира петнаесетгодишната Брук Шилдс а исто така ја режира во последователните телевизиски реклами. Аведон првпат соработува со Брук Шилдс во 1974 година во рекламата за КОлгејт, за подоцна да ја фотографира за потребите на модната куќа Версаче.Таа е вклучена во дванаесетте најдобри насловни страници на Вог како и во кампањата на Ревлон. На деветти февруари 1981 година во изданието Њузвик, Аведон изјавува: „Брук е како громобран. Таа го впива бесот на луѓето од опаѓањето на моралот на денешницата и уништувањето на невиноста во светот“. За работата со Аведон Шилдс во мај 1992 година, изјави за магазинот Интервју „Кога Дик влегува во некоја просторија многу луѓе се застрашени од неговата строгост, но кога работи, тој е толку креативен, толку чувствителен...И не сака кога некој зборува или се шета наоколу додека работи. Постои една взаемна ранливост, момент на ссоединување, или го разбираш или не.“[се бара извор]

Во прилог на континуитет во модната фотографија до крајот на шеесеттите години Аведон се посветува и на фотографирање портрети на работниците за граѓански права, политичари и маргинализирани групи од „дупки“ низ Америка каде владее насилство и раздор. Тој ги проширува своите видици со фотографирањето на: пациенти од психијатриски болници, граѓанското движење во 1963 година, протестанти за војната во Виетнам и паѓањето на Берлинскиот ѕид.

Во 1964 година издава книга под наслов „Ништо лично“ со текст на неговиот соученик од средно училиште Џејмс Болдвин. Во текот на овој период Аведон ги фотографира Битлс и овие фотосесии стануваат едни од највпечатливите за нив. Првата фотосесија, направена во 1967 година, стана една од најпопуларните серии на постери. На фотографиите се пет психоделични портрети од бендот. Следната година го фотографира бендот многу посмирено од претходниот пат и овој пат фотографиите се на омотот на албумот на Битлс во 1968 година. Од многуте рок бендови кои ги фотографира, една од највпечатливите фотосесии е  онаа на Електрик Лајт Оркестар во која членовите го покажуваат папокот.[се бара извор]

Аведон секогаш бил заинтересиран на темата за портретирање на карактерот и душата на личноста. Со зголемувањето на неговата репутација како фотограф, фотографира многу значајни личности во своето студио, некои од нив се: Бастер Китон, Мариан Андерсон, Мерилин Монро, Езра Паунд, Ајзак Динесен, Двајт Д. Ајзенхауер, Енди Ворхол и Чикаго Севен. Портрети се во минималистички стил, каде субјектот позира на бела позадина, гледајќи во фотоапаратот. Со елиминирање на нежните тонови светлина и реквизитите Аведон се концентрира на внатрешниот свет на субјектот со евоцирање на емоции и реакции. Понекогаш тој ги наведува на непријатни теми на дискусија со тоа што ги распрашува лични прашања. Со овој метод тој создава фотографии каде им ја соголува личноста на субјектите која дотогаш не била откриена.

Аведон фотографира и групни готографии со еминентни личности: Енди Ворхол со ѕвездите од The Factory; Седумката на Чикаго, радикална политичка група осудена за предизвикување бунт за време на Демократската Национална Конвенција во 1968 година; поетот Ален Гинсберг и неговата поширока фамилија; и групата на воени и владини претставници кои го водеа учеството на соединетите држави во војната со Виетнам. [4]

Во 1982 година Аведон изработи инвентивна серија на рекламни спотови за модната куќа Кристијан Диор, заснована на идејата од филм стил фотографии. Режисерот Андре Грегори, фотографот Винсент Валарин и моделот Кели Ле Брук, се дел од фотографиите во боја кои ја прикажаа лудата страна на едно „Диор семејство“ кое живее  во полигамна љубов.

Во 1992 година Аведон е првиот фотограф за списанието Њу Јоркер, каде работи на постапокалиптични, откачени модни бајки „Во сеќавање на г-дин и г-ѓа Комфорт“ со Надја Ауерман како модел, кои се издаваат во 1995 година. Фотографиите почнувајќи од првата публикација се теми на широка дискусија: неиздадени фотографии од Мерилин Монро, Кристофер Рид во количка како толкува, голи фотографии од Шарлиз Терон во 2004 година итн. Некои од не толку контроверзните фотосесии ги вклучуваат Саул Беул, Хилари Клинтон, Тони МОрисон, Дерек Валкот, Џон Кери и Стефан Сондхајм. Во подоцнежните години дава придонес на Егоист, каде неговите фотографии се појавуваа од 1984 сè до 2000 година. Во 1999 година Аведон ја фотографира јапонско-американската пејачка Хикару Утада.[се бара извор]

Ени Лебовиц го именува Аведон како огромно влијание, опишувајќи го неговиот стил како „лична репортажа“ развивајќи блиска врска со фотографираните личности.

Во 1974 година Аведон преживува сериозни проблеми со срцето. Ова кризно време го инспирира да погледне од друга перспектива и да создаде нови фото колекции. Во 1979 година Мичел А. Вилдер, директорот на музејот Амон Картер во Форт Ворт, Тексас, му нуди на Аведон да го заврши проектот The Western Project. Овој проект е  пресвртна точка во кариерата на Аведон. Тој фотографира работници во работна облека, домаќинки, фармери и бездомници наместо гламурозни и јавни личности кои за него се веќе позната мамка. Изработувањето на проектот трае пет години а исходот е изложба и каталог. . Аведон со неговата екипа фотографира 762 луѓе и изложува седумнаесет илјади негативи на 8x10 (kodak tri-x) филм. Аведон создава една приказна на луѓе во нивните највнатрешни пориви, врска која не би се случила доколку Аведон не претрпел лични проблеми кои му го загрозуваат здравјето и животот. Тој патува низ панаѓури, карневали, рудници, кланици и затвори за да пронајде соодветни фигури за фотографирање. Подоцна во 1994 година повторно ги посетува луѓето кои ги фотографирал и зборува за тоа во „Западот во Америка“. Били Мад е еден од личностите кои Аведон имал прилика да ги сретне и фотографира. Тој е возач на камион кој е постојано на пат и ретко го гледа семејството. Депресивен, осамен човек кој  во една прилика се среќава со Аведон кој му нуди да го фотографира. Кога за првпат Били Мад го гледа својот портрет, Мад забележал дека Аведон го наоѓа кај луѓето она внатрешното, неискажливото. Тој портрет го менува животот на Били Мад, таа фотографија му помогна да види дека му треба животна промена, тој ја напушта работата и се враќа на своето семејство.

Документарниот серијал „Американски мастери“ го отсликува веќе остарениот Аведон во епизодата „Аведон: Темнина и Светлина“, таму тој проектот за западот во Америка го споменува како негова најдобра фотографска приказна досега. Проектот ја исполнува целта на фотографот, а тоа е да пронајде нова димензија кај себе, да го покаже неговиот пат, од еврејско дете од истокот кое со објективот го слави животот на еминентни фигури во елитните кругови до старец кој го живее последното поглавје од својот живот кој до открива својот внатрешен свет со приказните на луѓето од руралните области на западот.

Во продукцискиот дел Аведон се соочува со проблемот за изнајдување квалитетна хартија за принтање. Експериментира со платина за на крај да се реши за портрига рапид, двослоен материјал со сребрена основа изработена од Агфа-Геваерт. Секој принт бара прецизна работа, во просек од триесет до четириесет манипуалции. Изработени се два изложбени примероци за потребите на  „Западот во Америка“, едната е во споственост на Картер а другата во сопственост на фотографот патува со изложбените фотографии. Принтањето на фотографиите е во период од девет месеци и за него беа искористени 6317 m2.

Иако оваа изложба е една од најзначаните дела на фотографот често е критизирана од јавноста за испревртување на Западот со воајерските теми и експоатацијата на своите модели. Критичарите често се запрашуваат зошто фотограф со углед да го претставува гламурозниот живот на јавните личности оди на западот да ја прикаже работничката класа која сама по себе претставува симбол за тешкотијата и измачувањето. Тие расправаат за намерите на Аведон, а тоа е да се побуди чувство на сожалување и милостиња кај публиката.

Изложби

уреди

Аведон има многубројни изложби низ целиот свет. Првата ретроспектива на фотографии се случила во 1970 година во Институтот за уметност Минеаполис. Во Метрополитен музејот за уметност во Њујорк презентира две свои изложби, во 1978 и 2002 година. Во 1980 има уште една ретроспектива организирана од Универзитетот за уметност во Беркли. Голема ретроспектива на фотографии е прикажана во Витни музејот за американска уметност во Њујорк во 1994 година, и во Музејот за модерна уметност Луизијана во Хумлебаек, Данска во 2007 година која патува низ Милано, Париз, Берлин, Амстердам и Сан Франциско сè до 2009 година. Изложбата покажува дела од неговите почетоци во 1944 година па сè до 2000 година со портретите кои ја доловуваат неговата модна истоштеност. Во Меѓународниот центар за фотографија vo 2009 година се прикажува неговата најголема изложба со фотографии од модниот свет. Истата година во Галеријата за уметност во Коркоран се претстави изложбата „Ричард Аведон: Портрети на моќта“, на која беа прикажани неговите политички портрети.[се бара извор][се бара извор][се бара извор]

Фото колекции

уреди

Работата на Аведон се наоѓа во трајните поставки на:

  • Museum of Modern Art, New York
  • Metropolitan Museum of Art, New York
  • Smithsonian’s National Museum of American History, Washington, D.C.
  • Amon Carter Museum of American Art, Ft. Worth, Texas
  • Centre Georges Pompidou, Paris[се бара извор]
  • Israel Museum, Jerusalem. Supported by Leonard A. Lauder and Larry Gagosian, the Avedon Foundation gave 74 Avedon images to the Israel Museum in 2013.[5]

Награди

уреди

Пазар на уметност

уреди

 Во 2010 негова фотографија во принт од три и пол метри од моделот Довима која позира во фустан од Кристијан Диор околу слоновите на циркузот Дивер, сликана во Париз 1955 година, достигнува рекордна цена од 719,000 фунти. Принтот од оваа фотографија е изработен во 1978 година за потребите на ретроспективната изложба на Аведон во Метрополитен музејот во Њујорк и е купена од Маисон Кристијан Диор.[9]

Живот и смрт

уреди

Во 1944 година Аведон се жени со деветнаесет годишната банкарска службеничка Доркас Мари Новел која подоцна се прославува како моделот и глумица До Аведон, тие немаат деца и се разведуваат во 1949 година. Во 1951 година се преженува за евелин Франклин, таа умира на 13 март 2004 година. Имаат еден син Џон Аведон, кој го посветува животот на истражувања за Тибет. [10][11][12][13]

Во седумдесеттите години поседува куќа на Upпer East Side на Менхетен која ја користи како студио и свој дом. Подоцна купува четирисобна куќа на Монтаук, Њујорк која се наоѓа помеѓу Атлантскиот Океан и прекрасни пејзажи. Ја продава во 2000 година за скоро девет милиони долари. [14]

Ричард Аведон умира на први октомври 2004 година во Сан Антонио. Тексас од компликации од церебрално крварење. Во тоа време е задолжен за фотосесија за Њујоркер во Сан Антонио. Истовремено работи и на проект за претседателските избори во 2004 година.

Наследство

уреди

Ричард Аведон има фондација на која работи во текот на животот. Својата работа ја започнува кратко по неговата смрт во 2004 година. Со седиште во Њујорк фондацијата е собиралиште на работата на Аведон, негативи, фотографии, публикации, хартии и архивски материјали. Во 2006 година лицната колекција на Аведон е изложена во галеријата Френкел во Сан Франциско а подоцна е продадена финансиски да ја поткрепи фондацијата. Во колекцијата има фотографии од Мартин Мункакси, Едвард Стеинхен и Ман Реј. Подоцна се издава серија од книги во кои се наоѓаат колекции од Дајан Арбус, Петер Хијар и ирвинг Пен, а онаа на Аведон се издава под името под името Eye of the Beholder: Photographs From the Collection of Richard Avedon (Fraenkel Gallery) [15]

Поп култура

уреди

Холивуд изложува дела од раните почетоци на Аведон, односно од мјузиклот Funny Face во кој главни ѕвезди се Фред Астер и Одри Хепберн. Аведон ги обезбедува фотографиите за потребите на филмот. Една од најпознатите е од лицето на Одри на која јасно се прикажани цртите на лицето- нејзините очи, веѓи, усни...

Хепберн е музата на Аведон во педесеттите и шеесеттите години, за нејзиниот непресушен талент тој изјавува: „Јас сум и засекогаш ќе бидам запрепастен од талентот на Одри Хепберн пред мојата камера. Не може да биде повоздигната од тоа што е, беќе е таму, во височините. Јас можам само да ја следам. Јас не можам да ја толкувам.“

Најпознати фотографии

уреди
  • Marella Agnelli, Italian socialite, 1953
  • Carmen Mayrink Veiga, Brazilian socialite (Vogue's 10 best dressed), 1970
  • Dovima with Elephants, 1955
  • Marilyn Monroe, actress, 1957
  • Homage to Munkacsi, Carmen, coat by Cardin, Paris, 1957
  • Brigitte Bardot, actress, 1959
  • Jacqueline de Ribes, 1961
  • Christina Bellin, model, 1962
  • Kareem Abdul-Jabbar (Lew Alcindor), athlete 1963
  • Dwight David Eisenhower, President of the United States, 1964
  • The Beatles, 1967
  • Andy Warhol and Members of the Factory, New York, 1969
  • Sly Stone (cover of the album Fresh), 1973
  • Asha Puthli, (She Loves to Hear the Music Album back cover), 1974
  • Ronald Fischer, beekeeper, 1981
  • Nastassja Kinski and the Serpent, 1981[16]
  • Pile of beautiful people, Versace campaign, 1982
  • Whitney Houston (cover of Whitney), 1987

Публикации

уреди
  • Observations. New York: Simon & Schuster, 1959. Photographs by Avedon, commentary by Truman Capote. Portraits of noted people.
  • Nothing Personal. New York: Atheneum: 1964. A collaborative book with James Baldwin.
  • Alice in Wonderland: The Forming of a Company and the Making of a Play. Merlin: 1973. By Avedon and Doon Arbus. ISBN 978-0-88306-500-6.
  • Portraits. Noonday: 1976. Introduction by Harold Rosenberg. ISBN 978-0-374-51412-9.
  • Portraits 1947–1977. Farrar, Straus and Giroux, 1978. ISBN 978-0-374-23200-9.
  • In the American West.
    • In the American West, Photographs by Richard Avedon. New York: Abrams, 1985. With an introduction by Laura Wilson. Published in conjunction with an exhibition at Amon Carter Museum, Fort Worth, TX.
    • In the American West, 1979–1984. New York: Abrams, 1985. ISBN 978-0-8109-2301-0.
    • In the American West: 20th Anniversary Edition. New York: Abrams, 2005. ISBN 978-0-8109-5928-6.
  • An Autobiography. 1993. Photographs arranged to tell Avedon's life story.
  • Evidence. 1994. Essays and text about Avedon with photographs by Avedon.
  • The Sixties. 1999. By Avedon and Doon Arbus. Photographs of noted people.
  • Made in France, 2001. A retrospective of Avedon's fashion portraiture from the 1950s.
  • Richard Avedon Portraits' 2002. Celebrities and subjects from In The American West. Published in conjunction with an exhibition at the Metropolitan Museum of Art.
  • Woman in the Mirror. 2005. With an essay by Anne Hollander.
  • Performance. 2008. With an essay by John Lahr.
  • Portraits of Power. 2008. Edited by Paul Roth. With an essay by Renata Adler. Published in conjunction with an exhibition at the Corcoran Gallery of Art in Washington, D.C.

Наводи

уреди
  1. "Richard Avedon, the Eye of Fashion, Dies at 81", Andy Grundberg, The New York Times, October 1, 2004.
  2. Scholastic Inc., Newsroom, AMERICA’S MOST CREATIVE TEENS NAMED AS NATIONAL 2016 SCHOLASTIC ART & WRITING AWARDS RECIPIENTS, http://mediaroom.scholastic.com/press-release/america-s-most-creative-teens-named-national-2016-scholastic-art-writing-awards-recipi
  3. Richard Avedon MoMA, New York.
  4. Richard Avedon: Murals & Portraits, May 4 – July 6, 2012 Архивирано на 25 февруари 2017 г. Gagosian Gallery, New York.
  5. Carol Vogel (September 5, 2013), Richard Avedon Portraits Go to Israel Museum New York Times.
  6. „Book of Members, 1780–2010: Chapter A“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на April 27, 2011.
  7. Robishaw, Lori; Gard Ewell, Maryo (2011). Commemorating 50 Years of Americans for the Arts. Americans for the Arts. стр. 124. ISBN 978-1-879903-07-4. Укажано повеќе од еден |last1= и |last= (help); Укажано повеќе од еден |first1= и |first= (help)
  8. Royal Photographic Society's Centenary Award Архивирано на 1 декември 2012 г. Accessed August 13, 2012.
  9. Colin Gleadell (November 22, 2010), "New record for Richard Avedon photography sales", The Daily Telegraph.
  10. The Buddha's Art of Healing: Tibetan Paintings Rediscovered[мртва врска], John Avedon, Rizzoli, 1998.
  11. Exploring the Mysteries of Tibetan Medicine, John Avedon, The New York Times Magazine, January 11, 1981.
  12. Donald G. McNeil Jr. (November 26, 1984), His Father's Photos Extol Beauty, but John Avedon's New Book on Tibet Doesn't Paint a Pretty Picture Архивирано на 4 март 2016 г. People.
  13. Deborah Netburn (April 24, 2000), Avedon Gets $9 Million From East End Couple For His Montauk Spread New York Observer.
  14. Alex Williams (August 9, 1999), Big Shack Attack New York Magazine.
  15. Philip Gefter (August 27, 2006), In Portraits by Others, a Look That Caught Avedon’s Eye New York Times.
  16. Welsh, James Michael ; Gene D. Phillips; Rodney Hill The Francis Ford Copolla Encyclopedia Scarecrow Press Lanham, Maryland 2010, p. 154.