нано-
нано- (симбол: n, меѓун. n) — единична претставка со значење милијардити дел[1]. Претставува делител 10−9 или 0,000000001. Наоѓа примена во науката и електрониката, како претставка за единиците за време и должина. Поимот е усвоен како стандард во 1960 г.
Примери:
- 1 нанометар е приближно еднаков на растот на нокт за една секунда.
- три атоми на злато прават 1 нанометар ако се наредат во низа.
- ако една џамлија е широка еден нанометар, тогаш Земјината топка би била широка еден метар.[2]
Зборот потекнува од старогрчки: νᾶνος, нанос што значи „џуџе“.
Кога се користи како јазична претставка, поимот сочинува дел од кованица како нанотехнологија, или со значење на нешто од нанометарски размери.
Поврзано Уреди
|
Надворешни врски Уреди
- ↑ „нано-“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ http://www.nano.gov/nanotech-101/what/nano-size