Ронто- (симбол: р, меѓун. r) — претставка на мерни единици во метричкиот систем што означува фактор од 10−27 или 0.000000000000000000000000001. Бил воведен во 2022 година, истовремено со неговата инверзна претставка рона- .[1]

Ронто е изведен од грчкиот број ἐννέα (ennéa, „девет“) и претставува 1000−9. Буквата „r“ била избрана произволно бидејќи не се користела за други претставки на мерни единици или широко користена за други единици.[2]

Може да се користи за наведување масата на субатомска честичка, на пример:

10 ронтометри (рм) е должината на едната страна на квадратот чија плоштина е еден барн, единица на целниот пресек што се користи во јадрената физика.

Просечниот животен век на бозоните W и Z е 300 ронтосекунди (rs).[3]

Енергијата на фотонот на 1 MHz е 0,66 ронтоџули (rJ).[4][5]

MeV / c2 (мегаелектронволт по брзина на светлината на квадрат), единица која често се користи во физиката на честички, е еквивалентна на 1,79 ронтограми (rg).[6]

Претставка Макед. симбол Меѓун. симбол 1000m 10n Десетично Кратка скала Долга скала
(во Македонија)
Воведена
квета Кв Q 100010 1030 1000000000000000000000000000000 нонилион квинтилион 2022
рона Р R 10009 1027 1000000000000000000000000000 октилион квадрилијарда 2022
јота Ј Y 10008 1024 1000000000000000000000000 септилион квадрилион 1991
зета З Z 10007 1021 1000000000000000000000 секстилион трилијарда 1991
екса Е E 10006 1018 1000000000000000000 квинтилион трилион 1975
пета П P 10005 1015 1000000000000000 квадрилион билијарда 1975
тера Т T 10004 1012 1000000000000 трилион билион 1960
гига Г G 10003 109 1000000000 билион милијарда 1960
мега М M 10002 106 1000000 милион 1960
кило к k 10001 103 1000 илјада 1795
хекто х h 10002/3 102 100 сто 1795
дека да da 10001/3 101 10 десет 1795
10000 100 1 еден
деци д d 1000−1/3 10−1 0,1 десетина 1795
санти с c 1000−2/3 10−2 0,01 стотина 1795
мили м m 1000−1 10−3 0,001 илјадатина 1795
микро μ μ 1000−2 10−6 0,000001 милионтина 1960
нано н n 1000−3 10−9 0,000000001 билионтина милијардитина 1960
пико п p 1000−4 10−12 0,000000000001 трилионтина билионтина 1960
фемто ф f 1000−5 10−15 0,000000000000001 квадрилионтина билијардитина 1964
ато а a 1000−6 10−18 0,000000000000000001 квинтилионтина трилионтина 1964
зепто з z 1000−7 10−21 0,000000000000000000001 секстилионтина трилијардитина 1991
јокто ј y 1000−8 10−24 0,000000000000000000000001 септилионтина квадрилионтина 1991
ронто р r 1000−9 10−27 0,000000000000000000000000001 октилионтина квадрилијартина 2022
квекто кв q 1000−10 10−30 0,000000000000000000000000000001 нонилионтина квинтилионтина 2022

Наводи

уреди
  1. Snider, Mike. „Meet the new names for huge and tiny numbers: The metric system has gotten an update“. USA TODAY.
  2. Gibney, Elizabeth (November 18, 2022). „How many yottabytes in a quettabyte? Extreme numbers get new names“. Nature. doi:10.1038/d41586-022-03747-9. PMID 36400954 Проверете ја вредноста |pmid= (help) – преку www.nature.com.
  3. „Particle Zoo - Z Boson“. images-of-elements.com.
  4. Cheung, Howard (1998). Elert, Glenn (уред.). „Frequency of a microwave oven“. The Physics Factbook. Посетено на 2022-01-25.
  5. Calculated: Ephoton = hν = 6.626×1034 J-s × 2.45×108 Hz = 1.62×1024 J. In eV: 1.62×1024 J / 1.6×1019 J/eV = 1.0×105 eV.
  6. „MeV and all that“. quarknet.fnal.gov.