Дека-
Дека (грчки:δέκα) — грчка претставка што значи десет. Латинскиот еквивалент е деци.
Овој префикс е, исто така, претставка (симбол da) во системот на единици SI што означува фактор од 101 и 10, соодветно. Не се користи често и е усвоен во Франција во 1795 година и на меѓународно ниво во 1960 година.
Примери:
- Во календарите, една деценија е период од 10 години.
- Во електромеханичката опрема, декадата е група од десет броеви на прекинувач или индикатор, кои можат да претставуваат единици, десетици, стотки итн.
- Декаподот е суштество со десет нозе. Еден вид на декапод е јастог (вид на декаподен членконог), а другиот е сипа (вид цефалоподи )
- Декагонот е многуаголник со 10 страни.
- Во бодибилдингот, дека е кратенка за нандролон деканоат, анаболичен стероид.
|