Претставка
Претставка[1][2] или префикс[3][4] – јазичен елемент што се додава на почетокот на зборот и со него образува нов збор. На пример, кога претставката „не“ се додаде на зборот „среќен“ се добива зборот несреќен.
Примери на претставки
уреди- без, бес – безимен, безбожник, бескаматен, бесконечност
- из, ис – изарчи, избања, исее, исекне
- меѓу – меѓукат, меѓувреме
- на – наспие, наглув
- над, нат – надвика, надвисне, наталка, натажи
- против – противвредност, противкандидат