Мeријeн Фејтфул

англиска рок-пејачка

Меријен Евелин Габриел Фејтфул (англ. Marianne Evelyn Gabriel Faithfull; родена на 29 декември 1946) ― англиска рок-пејачка. Стекнала популарност во 1960-тите по објавувањето на нејзиниот хит-сингл „As Tears Go By“ и станала меѓу најистакнатите пејачки за време на британската инвазија во САД. Во текот на нејзината долгогодишна кариера, која трае повеќе од пет децении, Фејтфул се истакнала како еден од симболите на „Свингинг Лондон“, била во романтична врска со Мик Џегер и доживеала многу лични и професионални подеми и падови. Во текот на 70-тите била анорексична, живеела како бездомник и била зависна од хероин. На музичката сцена се вратила во 1979 година со објавувањето на нејзиниот најуспешен албум Broken English.

Мeријeн Фејтфул
Мeријeн Фејтфул во 2009
Роден(а)Меријен Евелин Гејбриел Фејтфул
29 декември 1946(1946-12-29)(77 г.)
Лондон, Англија
Занимање
  • Пејачка
  • глумица
Активен период1964–денес
Сопружник
  • Џон Данбар
     (в. 1965; раз. 1966)
  • Бен Брирли (в. 1979; раз. 1986)
  • Џорџо Дела Терѕа (в. 1988; раз. 1991)
ПартнерМик Џегер (1966–1970)
Деца1

Музичка кариера
Жанрови
Издавачи
Соработници
Страница
mariannefaithfull.org.uk

Фејтфул била вклучена во списокот од „100 најдобри рокенрол-пејачки“ според VH1 . Добила „Светска награда за животно дело“ на Женските светски награди во 2009 година, а владата на Франција ја прогласила за командир (Commandeur) од Редот на уметностите и писмата.

Живот и кариера

уреди

Фејтфул е родена во лондонската населба Хемпстед како ќерка на мајорот Роберт Глин Фејтфул и балерината Ева фон Захер-Мазох. Меѓу нејзините предци од страна на мајка ѝ се издвојува австрискиот писател Леополд фон Захер-Мазох, автор на класичното дело Венера во крзно, а од неговото презиме потекнува и терминот мазохизам.[1] Детството го поминала во Сафолк и на 17 години се преселила во Лондон каде што ја започнала нејзината музичка кариера.

1960-ти

уреди
 
Оглас од Cashbox, 19 септември 1964 година

Фејтфул кариерата како пејачка ја започнала во 1964 година, кога почнала да пее фолк-песни во кафулиња.[2] На почетокот од 1964 година присуствувала на забавата за промоција на Ролинг Стоунс каде го запознала Ендрју Луг Олдам, кој ја „открил“. „As Tears Go By“, нејзиниот прв сингл, бил напишан и компониран од Џегер, Кит Ричардс и Олдам и забележал успех на топ-листите. (Ролинг Стоунс ја снимиле нивната верзија од песната една година подоцна, која исто така била успешна.)[3] Фејтфул се омажила за Џон Данбар на 6 мај 1965 година во Кембриџ,[4] а потоа живееле во Лондон.[4] На 10 ноември 1965 година на двојката ѝ се родил нивниот син Николас.[4]

Во 1966 година започнала врска со Мик Џегер и го оставила сопругот за да живее со него. Двојката станала озлогласен дел од хипи-движењето Свингинг Лондон. Фејтфул може да се слушне во песната „Yellow Submarine“ од Битлси.[5] Од страна на полицијата била пронајдена облечена само во крзнен килим кога бил извршен претрес за дрога во куќата од Кит Ричардс во Вест Витеринг во Сасекс. Во едно интервју, 27 години подоцна, Фејтфул признала дека инцидентот со крзнениот килим во рацијата за дрога го уништила нејзиниот личен живот: „Ме уништи. Ако си маж зависник од дрога и да се однесуваш така секогаш ти годи и те сметаат за гламурозен. Жена во таква ситуација станува курва и лоша мајка“. Тогаш Фејтфул изгубила три можности да се појави во филмови. „Навистина мислев дека ја уништив мојата кариера“.[6] Во 1968 година, Фејтфул, која веќе била зависна од кокаин, родила ќерка-мртвороденче.[2][7]

Нејзиното прво професионално појавување во театар го имала во Лондон во 1967 година во сценската адаптација на Три сестри од Чехов. Во Лондон во 1969 година, Фејтфул ја глумела Офелија во Хамлет, а подоцна бил снимен и филм под наслов Хамлет во кој ја глумела истата улога.

 
Фејтфул настапува на холандската ТВ-програма Фанклуб на 17 септември 1966 година

Присуството на Фејтфул во животот на Џегер се одразило во некои од најпознатите песни од Ролинг Стоунс. „Sympathy for the Devil“, од 1968 година, делумно бил инспириран од „Мајсторот и Маргарита“, напишана од Михаил Булгаков, книга што Фејтфул му ја понудила на Џегер. Песната „You Can't Always Get What You Want“ од 1969 година наводно била напишана за Фејтфул; песните „Wild Horses“ и „I Got the Blues“ од 1971 година наводно биле инспирирани од Фејтфул.

Таа била бисексуалка, а во текот на 1960-тите имала врски со мажи и со жени.[8][9]

 
Мајкл Купер, Мик Џегер, Маријана Фејтфул, Шепард Шербел, Махариши Махеш Јоги и Брајан Џонс на Кралскиот Концертгебау на 1 септември 1967 година

1970-ти

уреди

Фејтфул ја раскинала врската со Џегер во мај 1970 година, по што започнала афера со англо-ирскиот благородник „Педи“ Розмор. Истата година го изгубила старателството над нејзиниот син што довело до обид за самоубиство.[2] Личниот живот на Фејтфул бил во надолна линија, а во кариерата го допрела дното. Имала само неколку настапи, вклучувајќи го и настапот во октомври 1973 година со Дејвид Боуви.[2]

Фејтфул две години живеела како бездомник на лондонските улици, страдајќи од зависност од хероин и анорексија нервоза.[10]

Во 1979 година, Фејтфул го објавила нејзиниот најпознат и најуспешен албум, Broken English.[2] Песните како „The Ballad of Lucy Jordan“ и „Why’d Ya Do It?“ станале култни класици и добиле одлични критики. [2] Овој албум ја прикажал нејзината трансформација од поп-пејачка во музичар со мрачен и агресивен стил, одразувајќи ги нејзините лични искуства.[11]

Подоцнежна кариера и активности (1980-денес)

уреди

Објавувањето на албумот Broken English означил нов почеток во нејзината кариера, кој продолжил со неколку други успешни изданија како: Dangerous Acquaintances (1981), A Child’s Adventure (1983) и Strange Weather (1987), во кои Фејтфул ја потврдила нејзината истрајност и уметнички капацитет. Во 1988 година, Фејтфул се омажила за писателот и глумец Џорџо Дела Терза, а тие се развеле во 1991 година.[12]

Откако Роџер Вотерс собрал екипа од познати музичари за да ја изведе рок-операта Ѕид во живо во Берлин во јули 1990 година, Фејтфул ја играла улогата на мајка на Пинк. Нејзината музичка кариера по третпат заживеала во раните 1990-ти со албумот во живо Blazing Away.

Во 1994 година, таа ја објавила нејзината автобиографија Фејтфул, во која детално го опишала нејзиниот живот, борбата со зависноста и нејзиниот однос со познатите личности од тој период.

Турнеите на Фејтфул постојано биле прекинувани поради здравствени проблеми. Кон крајот на 2004 година, таа го откажала европскиот дел од светската турнеја откако колабирала на сцената во Милано и била хоспитализирана поради исцрпеност. Во септември 2006 година, таа повторно ја откажала концертната турнеја, овој пат откако и бил дијагностициран рак на дојка.[13][14] Следниот месец била оперирана во Франција и не бил потребен понатамошен третман поради тоа што туморот бил фатен во многу рана фаза.[15]

Фејтфул се појавила како царицата Марија Тереза во биографскиот филм Марија Антоанета од Софија Копола од 2006 година. Таа глумела во филмот Ирина Палм, објавен на филмскиот фестивал Берлинале во 2007 година. Фејтфул ја играла главната улога на Меги, 60-годишна вдовица која станува сексуална работничка за да плати медицински третман за нејзиниот болен внук.[16]

 
Фејтфул на настап во 2008 година

Во 2010 година ја добила наградата „Икона на годината“ од списанието Q.

Во 2023 година, списанието Ролинг Стоун ја рангирал Фејтфул на 173-то место на списокот од „200 најдобри пејачи на сите времиња“.[17]

На 4 април 2020 година, било објавено дека Фејтфул била во болница во Лондон каде се лекувала од пневмонија откако била позитивна на тестот за КОВИД-19.[18] Била отпуштена по тринеделна хоспитализација.[19]

Дискографија

уреди
  • Marianne Faithfull (1965)
  • Come My Way (1965)
  • Go Away from My World (1965)
  • North Country Maid (1966)
  • Faithfull Forever (1966
  • Love in a Mist (1967)
  • Dreamin' My Dreams (1976, реиздаден во 1978 со додадени 4 нови нумери)
  • Broken English (1979)
  • Dangerous Acquaintances (1981)
  • A Child's Adventure (1983)
  • Rich Kid Blues (1985, recorded in 1971)
  • Strange Weather (1987)
  • A Secret Life (1995)
  • The Seven Deadly Sins (1998)
  • Vagabond Ways (1999)
  • Kissin Time (2002)
  • Before the Poison (2005)
  • Easy Come, Easy Go (2008)
  • Horses and High Heels (2011)
  • Give My Love to London (2014)
  • Negative Capability (2018)
  • She Walks in Beauty (2021)

Наводи

уреди
  1. „Sex god? Marianne's last word“. The Times. 19 June 1999. Архивирано од изворникот (interview) на 15 March 2007.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Faithfull, Marianne. Faithfull: An Autobiography Boston: Little, Brown; 1994. ISBN 0-316-27324-4 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „autobio“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. Ruhlmann, William. „As Tears Go By“. Allmusic. Архивирано од изворникот на 7 April 2022. Посетено на 22 October 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 Harry, Bill (2000). The Beatles Encyclopaedia (2000 paperback edition; first published 1992). London: Virgin Publishing. стр. 403. ISBN 0-7535-0481-2.
  5. "Yellow Submarine" by The Beatles. The in-depth story behind the songs of the Beatles. Recording History. Songwriting History. Song Structure and Style“. Beatlesebooks.com. Архивирано од изворникот на 20 December 2021. Посетено на 24 June 2019.
  6. Künzler, Hanspeter; Würfl, Matthias (2012). 50 Years the Rolling Stones: 1967-1971 : Essential Anthology on the Rolling Stones and Rock 'n' Roll History (англиски). eBook People GmbH.
  7. „Marianne Biography“. Enotes.com. Архивирано од изворникот на 22 November 2011. Посетено на 1 May 2011.
  8. Steinfeld, Dave (2020-08-09). „Marianne Faithfull: Keeping The Faith“. CURVE (англиски). Архивирано од изворникот на 9 July 2023. Посетено на 2023-02-09.
  9. „Faithfully Speaking“. Advocate.com (англиски). 27 March 2009. Архивирано од изворникот на 9 February 2023. Посетено на 2023-02-09.
  10. Sylvie Simmons interview, Mojo Magazine, 2005 Архивирано на 30 септември 2007 г.
  11. Palmer, Robert (21 October 1981). „The Pop Life“. The New York Times. Архивирано од изворникот 26 January 2008. Посетено на 1 May 2011.
  12. Faithfull, Marianne. Faithfull: An Autobiography Boston: Little, Brown; 1994. ISBN 0-316-27324-4
  13. „Sixties star Faithfull has cancer“. BBC News. Архивирано од изворникот на 16 September 2021. Посетено на 19 December 2014.
  14. „Stay Faithfull: A revealing audience with Marianne Faithfull“. The Independent. UK. 26 April 2008. Архивирано од изворникот на 5 September 2008. Посетено на 1 May 2011.
  15. „Faithfull recovers after cancer“. BBC News. Архивирано од изворникот на 12 August 2007. Посетено на 19 December 2014.
  16. „Server Error - TVGuide.com“. Tvguide.com. Архивирано од изворникот на 17 May 2011. Посетено на 19 December 2014.
  17. Празен навод (help)
  18. Празен навод (help)
  19. Snapes, Laura (22 April 2020). „Marianne Faithfull discharged from hospital after 22 days fighting Covid-19“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 22 April 2020.

Надворешни врски

уреди