Муралар
Муралар или Моралар (грчки: Πελαργός, Пеларгос; до 1927 г. Μουραλάρ, Муралар[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 325 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]
Муралар Πελαργός | |
---|---|
Координати: 40°36.55′N 21°45.19′E / 40.60917° СГШ; 21.75317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Чалџиево |
Надм. вис. | 590 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 325 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во котлината Сариѓол, 6 км источно од Чалџиево и 12 км јужно од Суровичево.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Молари (Molari) е село во Џумалиската каза со 10 домаќинства од 25 жители муслимани.[4]
Во 1889 г. хрватсниот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Муралар:
„ | Село Моролар со 90 муслимански куќи. Данокот им е 11.600 пијастри. Селото е сместено во подножјето на шумовити ридови и лежи на 5 1⁄2 часа од Лерин. Жителите се занимаваат со земјоделство и сточарство.[5] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моралар имал 250 жители Турци.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 435 жители, кои во 1920 г. нараснале на 510.[3] Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле семејства кои зборувале турски христијани од Мала Азија. Во 1927 г. селото е преименувано во Пеларгос.[7] Во 1928 г. Муралар е заведено како дојденско село со 345 дојденски жители од 93 семејства.[8]
Во 1940 г. селото броело 561 жител. Во Втората светска војна населението на Муралар било вооружено од окупаторските сили, а во Граѓанската војна покажало голема верност кон власта и, како противник на Демократското движење, ги пљачкало и тероризирало македонските села во околината.[3]
Населението се намалило во текот на 1960-тите поради иселувања во Кајлари и други градови.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 561 | 560 | 582 | 396 | 370 | 345 | 345 | 325 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението се занимава со одгледување на жито и тутун, со овоштарството и делумно со сточарство.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιοσελέρ -- Πελαργός
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99.
- ↑ Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр.152.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 270. ISBN 954430424X.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.