Монте Карло (патека)
Патеката Монте Карло — улична патека која се наоѓа на градските улици во Монте Карло и Ла Кондамин околу пристаништето на Кнежевство Монако. Најчесто се нарекува „Монте Карло“, но понекогаш е позната и како „Монако“.
![]() | |
Место | Монте Карло, Монако |
---|---|
Часовен појас | UTC+01:00 |
Координати | 43°44′5″N 7°25′14″E / 43.73472° СГШ; 7.42056° ИГДКоординати: 43°44′5″N 7°25′14″E / 43.73472° СГШ; 7.42056° ИГД |
Сместивост | 37,000 |
Оддел на ФИА | 1 |
Главни настани | Формула 1 Голема награда на Монако Формула 2 Голема награда на Монако Формула Е Монако еПри (непарни години) |
Патека Монте Карло (2015–) | |
Должина | 3.337 км |
Кругови | 19 |
Најбрз круг | 1:14.820 (![]() |
5-та варијанта (2003–2014) | |
Должина | 3.340 км |
Кругови | 19 |
Најбрз круг | 1:14.439 (![]() |
4-та варијанта (1997–2002) | |
Должина | 3.370 км |
Кругови | 25 |
Најбрз круг | 1:18.023 (![]() |
3-та варијанта (1986–1996) | |
Должина | 3.328 км |
Кругови | 25 |
Најбрз круг | 1:21.076 (![]() |
2-ра варијанта (1976–1985) | |
Должина | 3.312 км |
Кругови | 23 |
Најбрз круг | 1:22.637 (![]() |
1-ва варијанта (1973–1975) | |
Должина | 3.278 км |
Кругови | 20 |
Најбрз круг | 1:27.9 (![]() |
Оригинална патека (1929–1972) | |
Должина | 3.145 км |
Кругови | 14 |
Најбрз круг | 1:22.2 (![]() |
Формула Е (2015–) | |
Најбрз круг | 53.822 сек. (![]() |
Патеката се користи секоја година за еден викенд во месец мај кога се одржува Големата награда на Монако, дел од календарот на ФИА за Светското првенство во Формула 1, како и Формула 2 и Формула 3000.
ИсторијаУреди
Првата трка се одржала во 1929 година, кога трката ја освоил Вилијам Гровер-Вилијамс со Бугати. Во календарот на Светското првенство во Формула 1, Монако е од првата сезона од 1950 година, а во периодот 1951-1954 не се одржувале натпреварувања. Победникот на првиот натпревар во 1950-тите била аргентинската легенда Хуан Мануел Фанџо со Алфа Ромео. Од 1955 година, натпреварот се одржува секоја година.
Конфигурацијата на била променета 9 пати во текот на годините без да ги наруши нејзините главни карактеристики. Во последната конфигурација користена од 2003 година, најбрзиот круг бил со време од 1:14.439, постигнат во 2004 година од Михаел Шумахер со Ферари.
ОсобеностиУреди
Големата награда на Монако на патеката Монте Карло се одржува еднаш годишно во мај, на улиците на кнежевството, и е најпопуларна патека во светот. Најпознатите делови на патеката се свиоците на Фиба и Тунел.
Конкуренцијата е исклучително напната поради близината на бетонските плочи околу патеката. На крајот од трката некои пилоти губат околу 5% од нивната тежина.