Џеки Стјуарт
Сер Џон Јанг „Џеки“ Стјуарт, РБИ [2] (роден на 11 јуни 1939 година) е британски поранешен возач на трки во Формула 1 од Шкотска. Со прекар како „Летечкиот Шкотланѓанец“, тој се натпреварувал во Формула 1 помеѓу 1965 и 1973 година, освојувајќи три Светски првенства за возачи и двапати завршувајќи како второпласиран во текот на тие девет сезони. Многумина го сметаат за еден од најголемите возачи во историјата на спортот.[3][4][5]
Сер Џеки Стјујарт РБИ | |
---|---|
Сјујарт на 6-те часови на Силверстон во 2014 година | |
Националност | Британец |
Болид # | — |
Моментален тим | — |
Кариера во Формула 1 светското првенство | |
Трки | 100 (99 starts) |
Титули | 3 (1969, 1971, 1973) |
Победи | 27 |
Пиедестали | 43 |
Пол позиции | 17 |
Вкупни поени | 359 (360)[1] |
Најбрзи кругови | 15 |
Прва трка | 1965 Јужна Африка Гран При |
Прва победа | 1965 Гран При Италија |
Последна победа | 1973 Гран При Германија |
Последна трка | 1973 Гран При САД (did not start) |
Пласман во 2007 | — |
Надвор од Формула 1, тој тесно ја пропуштил победата при неговиот прв обид на Индијанаполис 500 во 1966 година, а се натпреварувал во серијалот Кан-Ам во 1970 и 1971 година. Помеѓу 1997 и 1999 година, во партнерство со неговиот син, Пол, тој бил директор на тимот Стјуарт Франд При Рејсинг Формила 1 .
Стјуарт исто така се залагал за подобрувањето на безбедноста на моторните трки, организирајќи кампањи за подобри медицински установи и подобрувања на патеките за моторите.
По смртта на Џон Сертиз во 2017 година, тој е последниот преживеан светски шампион на Формула 1 од 1960-тите.
Наводи
уреди- ↑ Up until 1990, not all points scored by a driver contributed to their final World Championship tally (see list of points scoring systems for more information). Numbers without parentheses are Championship points; numbers in parentheses are total points scored.
- ↑ „Honours in Scotland“. Birthday Honours 2001. BBC. 15 June 2001. Посетено на 14 August 2006.
- ↑ „Formula 1's Greatest Drivers – AUTOSPORT.com – Jackie Stewart“. f1greatestdrivers.autosport.com.
- ↑ „Top 20 Greatest F1 racers: Sir Jackie Stewart“. www.sportskeeda.com. 14 December 2012.
- ↑ „Formula 1's greatest drivers. Number 7: Jackie Stewart“. BBC Sport. 18 September 2012 – преку www.bbc.co.uk.