Мокрени (Костурско)
- Оваа статија се однесува за костурското село, за селото во Вардарска Македонија, погл. Мокрени
Мокрени (грчки: Βαρικό, Варико; до 1926 г. Μόκρενη или Μόκραινα, Мокрени или Мокрена[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Суровичево во Лерински округ во Западна Македонија, Грција.
Мокрени Βαρικό | |
---|---|
Поглед кон селото Мокрени од планината Вич | |
Координати: 40°33′N 21°30′E / 40.550° СГШ; 21.500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Суровичево |
Општ. единица | Мокрени |
Надм. вис. | 750 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 638 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа источно од градот Кајлари и југозападно од Суровичево, на надморска височина од 750 метри.[3] Сместено е во областа Сариѓол.
Историја
уредиСелото традиционално гравитира кон Костур, а не кон Лерин и кон крајот на XIX век е дел од Клисурската нахија на Костурската каза во рамките на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиИ покрај тоа што земјиштето е прилично сиромашно, населението се занимава со земјоделство и сточарство, а главните производи се житото и гравот (надалеку е познат мокренскиот грав), како и сточарските преработки.[3]
Население
уредиМокрени отсекогаш било населено со Македонци и во тој поглед сѐ до денес нема претрпено никакви промени. К’нчов го наведува како село со 1.180 жители, а Милоевиќ со 200 македонски куќи. Според официјалните пописи, во 1913 година имало 764 жители, во 1920 година 735, во 1928 година 924, а во 1940 година 1.247 жители. Бројот на жителите меѓу двете светски војни забележува постојан раст, иако е забележано емигрирање во прекуокеанските земји и во Бугарија. Во Втората светска војна и во Граѓанската војна во Грција, Мокрени дало 150 жртви, а селото го напуштиле повеќе семејства и поединци, кои се засолниле во Македонија и во некои источноевропски земји. Поради тоа, се намалил бројот на населението, така што на пописот во 1951 година се евидентирани 798 жители. Во наредниот период бројот на жителите варира. Така, во 1961 година се качил на 863, за да се намали, поради иселувањата во прекуокеанските земји, во 1971 година на 799, во 1981 година се покачил на 811, а во 1991 година имало 809 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 698 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 638 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.247 | 798 | 863 | 799 | 811 | 809 | 698 | 638 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на истоимената општинската единица, која припаѓа на поголемата општина Суровичево, во округот Лерин.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μόκραινα -- Βαρικό
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Лерински округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 162.
Надворешни врски
уреди- Мокрени (Костурско) на Ризницата ?