Модроглава сипка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Сипки
Род: Сини сипки
Вид: Модроглава сипка
Научен назив
Cyanistes caeruleus
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Parus caeruleus Linnaeus, 1758

Модроглавата сипка (научCyanistes caeruleus) е мала врапчевидна птица од семејството на сипките (Paridae). Птицата лесно се распознава со нејзините сини и жолти перје, но многу авторитети ја оспоруваат научната класификација.

Тие се обично постојани жители, не се преселници, широко распространети и вообичаени низ умерена и субарктичка Европа и западна Азија, во иглолисните и мешаните шуми со дабови. Ја има и во Македонија. Обично гнездат во дупки од дрвја и лесно се адаптираат во куќички за птици. Најголем конкурент за гнездење и хранење ѝ е многу поголемата голема сипка.

Се храни со инсекти и пајаци, но вон сезоната на парење јаде и семиња и друга растителна храна. Како и другите сипки, и оваа е впечатлива со своите способности да стои наглавечки кога ја бара храната по гранчињата и ливчињата на дрвјата.

Таксономија и систематизација

уреди

Видот за првпат е опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae, 1758 како Parus caeruleus.[2]

Повеќето авторитети го сметаат Cyanistes за надрод на Parus, но Британското орнитолошко здружение го смета Cyanistes за посебен род. Ова е поткрепено со анализите на mtDNA, цитохромот b, кои сугерираат дека не само што е различен, туку и не е близок со другите сипки.[3]

 
Возрасна птица на Канарски Острови, со црна круна.
 
Расите на Канарски Острови

Моментално се издвојуваат најмалку 9 подвида:[4]

Два традиционални подвида се разликуваат на Канарски Острови (teneriffae) и северозападна Африка (ultramarinus). Истражувањата се на пат овие два подвида да ги подели во видови:[6]

  • Parus ultramarinus (афроканарска сина сипка); (Bonaparte, 1841);
  • Parus teneriffae (канарска сина сипка); (Lesson, 1831).

Опис

уреди

Модроглавата сипка обично е долга 12 см, има распон на крилјата од 18 см и е тешка околу 11 грама.[7]

Типичниот примерок има азурно сина круна и темносина линија што минува низ окото, и бело што ги опкружува образите. Има бело чело и линија на крилото. Тилот, крилјата и опашката се сини, а грбот е жолтеникавозелен. Долните делови се претежно сулфурножолти со темна линија на долниот дел од стомакот. Жолтилото е резултат на жолто-зелените гасеници што ги јаде и големото ниво на каротински пигмент.[8] Клунот е црн, нозете синосиви, очите темнокафеави. Половите се слични, но под ултравиолетова ламба, мажјаците имаат посветла сина круна.[9] Младите птици се забележливо пожолти.

Поведение

уреди
 
Младенче во Лондон

Зимно време, модроглавите формираат мешани јата со големите сипки, и првите се можеби подобри гимнастичари за качување и висење по гранчиња. Модроглавите сипки често се качуваат по стеблата на дрвјата со кратки скокови, имитирајќи ги ползачите. Како по правило птиците спијат во бршлени или зимзелени дрвја, но во студените зими бараат потопли дупки, во дрвјата или во куќичките за птици. Многу се агилни и може да висат речиси секаде.

Ова е вообичаена и популарна европска птица што ја има по градините и е интересна со нејзините акробатски изведби додека јаде оревчиња и слични плодови.

Размножување

уреди
 
Хранејќи ги младенчињата во куќичка за птици
 
Cyanistes caeruleus caeruleus

Модроглавата сипка ќе гнезди во секоја соодветна дупка во дрво, трупец, ѕид или куќичка за птици, натпреварувајќи се со градското врапче или големата сипка за местото. Истото гнездо се користи година по година, а откако еден пар ќе умре, друг го зазема местото.

Вообичаено несат многу јајца, просечно 7-8, но во леглото може да има јајца од две или повеќе несилки. Додека ги квачат, овие птици се агресивни, с’скаат, па и гризат ако им се приближи опасност. Додека ги штити јајцата, птицата ја крева својата цуцулка, но тоа е знак на возбуденост, а не на лутина. Цуцулката ја креваат и во прикажувањето за време на сезоната на парење. Гнездото го постилаат со меки материјали како: мов, влакна, волна, пердувчиња и сл. Не е необично само една птица да ги храни младенчињата, и тогаш таа на секои 90 секунди носи храна.

Исхрана

уреди
Модроглава сипка на хранилка

Модроглавата сипка е вреден уништувач на штетници иако не ги чисти листовите целосно. Понекогаш ѝ се случува да откорне млада пупка со надеж да најде инсекти. Сепак, нема вид кој уништува повеќе штетници од неа. Освен со овие инсекти, птицата се храни и со семиња, како другите сипки.

Огласување

уреди

Оваа птица користи песни и повици преку целата година.[10] Песната ја користи повеќе на почетокот од пролетта за да ја означи својата територија и да ја привлече женката. Повиците се користат од повеќе причини.[11] Комуникацијата со други модроглави сипки е најважната причина. Тие се информираат една со друга за локацијата на дрвото каде се наоѓаат, а повикот за тревога ги информира другите (па и другите видови птици како големата сипка, црвеногушката и ползачите) дека има опасност во близина. Пискањето, на пример, го користат да информираат дека има грабливец кој се движи ниско по земја во близина, како мачка, куче, лисица и сл.[12] Понекогаш, ова е придружено со мобинг-поведение, односно, птиците ќе се соберат во јато и ќе му се спротивстават на грабливецот. Свиркачкиот аларм, пак, го користат за предупредување од летачки грабливци, како што се јастребите врапчaр, кокошкар, глувчар. Серија од пискави ци-ци повици се користат од двата пола пред и за време на парењето.[13]

Статус

уреди

Моментално има околу 20–44 милиони пара модроглави сипки во Европа.Нивна најголема закана се разните грабливци и некои паразити.

Просечно живеат од 1.5 до 3 години.[7][14] Најдолги регистрирани животни векови имале: 11 години и 7 месеци, птица во Чешка,[15] и 9 години и 9 месеци во Велика Британија.[16] Според Црвениот список на МСЗП оваа птица е во категоријата на вид со најмала загриженост.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Parus caeruleus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata (латински). Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 190. P. remigibus caerulescentibus : primoribus margine exteriore albis, fronte alba, vertice caeruleo.
  3. Gill, Frank B.; Beth Slikas and Frederick H. Sheldon (2005). „Phylogeny of titmice (Paridae): II. Species relationships based on sequences of the mitochondrial cytochrome-b gene“. Auk. 122 (1): 121–143. doi:10.1642/0004-8038(2005)122[0121:POTPIS]2.0.CO;2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Clements, James (2011). The Clements Checklist of Birds of the World (6. изд.). Cornell University Press. ISBN 0-7136-8695-2.
  5. Mlíkovský, Jiří (26 August 2011). „Nomenclatural and taxonomic status of bird taxa (Aves) described by an ornithological swindler, Josef Prokop Pražák (1870–1904)“. Zootaxa (3005): 45–68.
  6. Kvist, Laura (2006). "Response to "Taxonomic status of 'phylogroups' in the Parus teneriffae complex (Aves)" by George Sangster". Molecular Phylogenetics and Evolution 38 (1): 290. doi:10.1016/j.ympev.2005.10.012. (HTML abstract)
  7. 7,0 7,1 „Blue Tit (Cyanistes caeruleus)“. British Trust for Ornithology. 8 December 2010. Посетено на 23 August 2011.
  8. „Blue tit, Nature Wildlife“. BBC. 23 August 2011. Посетено на 23 August 2011.
  9. „Blue tits are ultraviolet tits“. Royal Society. 22 March 1998. Посетено на 17 March 2012.
  10. Cramp S, Perrins CMP et al(1993). Handbook of the Birds of Europe the Middle East and North Africa - The Birds of the Western Palearctic Volume VII. Oxford University Press, Oxford, New York 1993
  11. Bijnens L and Dhondt AA (1984). Vocalizations in a Belgian Blue Tit Parus c. caeruleus population. Gerfault 74, 243-69
  12. Klump GM and Curio E (1983). Reactions of Blue Tits Parus caeruleus to Hawk Models of Different Sizes. Bird Behavior 4, 78-81
  13. Hinde, RA (1952). The behaviour of the Great Tit (Parus Major) and some other related species. Behaviour (Suppl.) II: 1-201.
  14. „Life Expectancy“. British Garden Birds. David Gains. Посетено на 24 January 2007.
  15. „European Longevity Records“. European Union for Bird Ringing (EURING). 26 November 2010. Посетено на 23 August 2011.
  16. „Longevity records for Britain & Ireland in 2009“. British Trust for Ornithology. 9 December 2010. Архивирано од изворникот на 2012-05-08. Посетено на 23 August 2011.

Надворешни врски

уреди