Могила (Отошница)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Могила“
| |
Местоположба | 42°11′44″N 22°4′49″E / 42.19556° СГШ; 22.08028° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Отошница |
Општина | Крива Паланка |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Могила — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Отошница. Претставува некропола и могила од римското време. На 23-тиот км од патот Крива Паланка-Куманово, од неговата десна страна има могила која е делумно оштетена со изградбата на патот. Нејзините димензии се 36 × 25 м во основата и зачувана висина од 3,5-4 м. Со заштитните ископувања, извршени во 1988-90 година, од страна на Музејот на Македонија била истражена една половина од могилата при што биле откриени 32 гроба, со кремирање и скелетно погребување. Таму биле најдени керамички и стаклени садови, предмети од коска, железо, сребро, монети и друго од I до IV век.[1]
Поврзано
уреди- Аниште — населба од доцноантичкото време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Лиске — населба од доцноантичко време;
- Отошница;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија (PDF). II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 200. ISBN 9989649286.
Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |