Полифонија

(Пренасочено од Многугласие)

Многугласие[1][2], многугласје или полифонија[3][4] (грчки Πολυ повеќе и глас φονη) — начин на компонирање при кој две или повеќе независни мелодиски линии течат независно една од друга, но во исто време звучат хармонично.

Полифонијата првично се развила во повеќегласно хорско пеење во доцниот среден век. Делата компонирани со полифониска техника доминирале во европската музика од 12 век до средината на 18 век, а својот врв го доживеале за време на ренесансата.

Со полифонија е тесно поврзан поимот имитација - компонирање при што еден дел со задоцнување помалку или повеќе ја повторува мелодиската содржина на претходниот дел. Најочигледни примери за имитација се присутни во канон и фуга.

Спротивно на полифонија е едногласие, или хармонија (една мелодиска линија со хармонска придружба во подредена улога). Во некои ситуации, тешко е да се оддели полифонијата од хармонијата. Ова вообичаено е случај кога деловите на мелодијата се доволно разработени, но во исто време тие се во голема мера потчинети на општиот хармониски тек.

Дел од Ј.С. БахФуга бр. 17 “, BWV 862, од Добро темпиран клавир (I дел), познат пример за 'контрапунтална полифонија'. Играј

Потекло

уреди

Најполифонични региони на светот се наоѓаат во Потсахарска Африка, Европа и Океанија. Се верува дека почетоците на полифонијата во традиционалната музика временски се појавиле многу пред полифонијата во европската професионална музика. Во моментов постојат два контрадикторни пристапи при пронаоѓање на почетоците на вокалната полифонија: културен модел и еволутивен модел.[5] Според културниот модел, почетоците на полифонијата се поврзани со развојот на музичката култура кај луѓето.[6] Според еволутивниот модел, почетоците на полифонијата се поврзани со првите фази на човечката еволуција.[7]:198–210

Иако не се познати почетоците на полифонијата во западната црковна традиција, трактатите Musica enchiriadis и Scolica enchiriadis, кои се од околу 900 година, се сметаат за најстарите запишани примери на полифонија.

Европска полифонија

уреди

Европската полифонија се појавила мелисматичкиот органум, најраното усогласување на пеењето. Композиторите од 12 век, како Леонин и Перотин го развиле органумот што бил користен векови претходно, и му додале трет и четврт глас. Во 13 век, тенорот се изменил, и се скрил зад секуларните песни, замаглувајќи ги светите текстови додека композиторот продолжувал со новината наречена полифонија. Текстот на љубовните песни можел да се пее над светите текстови во форма на тропа, или светите текстови можеле да бидат поставени со позната секуларна мелодија. Најстарото дело кое го имаме денес е музика од шест дела со наслов Sumer is icumen in (c. 1240).[8]

По првиот милениум, европските свештеници започнале да ги преведуваат делата на грчките филозофи на народен јазик. Западните Европејци знаеле за Плато, Сократ и Хипократ во средниот век, но изгубиле допир со содржината на нивните дела, затоа што употребата на грчкиот како жив јазик била ограничена само за земјите на Источното Римско Царство. Откако овие стари текстови биле преведени, станале достапни, и извршиле големо влијание во филозофијата на Западна Европа. Се појавиле новини во медицината, науката, уметноста и музиката.

Авињон, седиштето на антипапите, бил центар на секуларната музика, од која голем дел бил под влијание на светата полифонија.[9] Инструментите биле забранети во црква поради нивната асоцијација со секуларната и паганската музика, со тоа и полифонијата била забранета како „жаволска музика“. Папата Јован XXII откако ја забранил полифонијата во 1322 година, зборувал против елементите на оваа музичка новина во булата од 1324 година, Docta Sanctorum Patrum.[10] Папата Климент VI, пак, уживал во полифонијата.

Најстарата миса која користи полифонија е на композиторот Гијом де Машо, „Миса Нотрдам“, од 1364 година, од времето на папата Урбан V.

Во поново време, Вториот ватикански собир (1962–1965) објавил: „Грегоријанското пеење може да се користи во литургиските служби. Но, други видови на света музика, посебно полифонијата, се исклучени“.[11]

Англиските протестанти ја вклучиле полифонијата кон средината на 18 век. Ваквата одлука преминала во Северна Америка заедно со англиските доселеници. Овој начин на пеење во најголем дел веќе го нема во британските и северноамериканските свети песни, сепак преживеал во руралните средини од јужниот дел на САД.

 
Албанска печајка група на народни песни од Скрапар, кои пеат полифонични песни.

На Балканот е традиција да се пејат полифонични песни, кои се нарекуваат стари, архаични или пеење во стар стил.[12][13] Сепак, според западната дефиниција, балканската музика не е строго полифонична, туку најдобро се опишува како пеење во повеќе делови.[14] Полифонските песни ги пејат Власите, Албанците, Грците и Македонците од албанскиот и северногрчкиот регион,[15] како и во Република Македонија и Бугарија. Албанските народни исо-полифонски песни прогласени се од УНЕСКО за „ Ремек-дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото“. Терминот исо е поврзан со византиската црковна музика.[16][17]

На францускиот остров Корзика постои уникатен стил на музика кој е познат по употребата на полифонија. Во Грузија постои веројатно најстарата полифонија во христијанскиот свет. Традиционалното полифонично пеење во Грузија е прогласено од УНЕСКО за „Нематеријално културно наследство на човештвото“.[18] Полифонијата е присутна во традиционалната музика на Абхазија, Чеченија, Ингушетија, Океанија, и Потсахарска Африка, исто така.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „многугласие“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „многугласен“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „полифонија“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „полифонија“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Jordania, Joseph (2011). Why do People Sing? Music in Human Evolution. Logos. стр. 60–70. ISBN 978-9941-401-86-2.
  6. Bruno Nettl. Polyphony in North American Indian music. Musical Quarterly, 1961, 47:354–62
  7. Joseph Jordania (2006). Who Asked the First Question? The Origins of Human Choral Singing, Intelligence, Language and Speech (PDF). Tbilisi: Logos. ISBN 99940-31-81-3. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 март 2012.
  8. Albright, Daniel (2004). Modernism and Music: An Anthology of Sources. University of Chicago Press. ISBN 0-226-01267-0.
  9. Riemann, Hugo. History of music theory, books I and II: polyphonic theory to the sixteenth century, Book 2. Da Capo Press. June 1974.
  10. Pope John XXII (1879). „Translated from the original Latin of the bull Docta sanctorum patrum as given in Corpus iuris canonici, ed. a. 1582 (PDF). стр. 1256–57.
  11. Vatican II, Constitution on the Liturgy, 112–18
  12. „Startseite - Forschungszentrum für Europäische Mehrstimmigkeit“. www.mdw.ac.at. Архивирано од изворникот на 2018-01-09. Посетено на 2018-09-14.
  13. Kartomi, Margaret J.; Blum, Stephen (9 January 1994). „Music-cultures in contact: convergences and collisions“. Currency Press – преку Google Books.
  14. Koço, Eno (27 February 2015). A Journey of the Vocal Iso(n). Cambridge Scholars Publishing. стр. xx. ISBN 978-1-4438-7578-3. A free, unpublished version of this passage is available on Google Books.
  15. Bart Plantenga. Yodel-ay-ee-oooo. Routledge, 2004. ISBN 978-0-415-93990-4, p. 87.
  16. European voices: Multipart singing in the Balkans and the ..., Volume 1 By Ardian Ahmedaja, Gerlinde Haid p. 241 [1]
  17. „Albanian Folk Iso-polyphony“. UNESCO. Посетено на 31 December 2010.
  18. „Georgian Polyphonic Singing“. UNESCO.