Канон[1][2] (старогрчки: κανων— „стандард, пропис, правило“) — облик на многугласна музичка контрапунтска композиција во која еден или повеќе гласови го подражаваат почетниот. Подражувањата можат да бидат на различни интервали, но во повеќето случаи тие се во интервал од прима или октава.

Измислен пример на трогласен канон унисоно, два такта.
Пример за трогласен канон унисоно испеан во дует со текст на германска песна, во четири такта.

Во едноставни или строги канони, вториот глас го следи првиот со истоветна мелодија, понекогаш во интервал од една октава. Во интервалните канони, вториот глас се поместува за интервал различен од примата или октавата. Ако мелодијата на вториот глас се совпаѓа со интервалите, но се разликува по нивната големина, канонот е дијатонски.

Кај каноните во инверзија (canon per motum contrarium), каде што првиот глас се спушта, вториот глас се крева и обратно. Ако гласот што ја прикажува мелодијата (proposta) и гласот што го носи одговорот (risposta) се појавуваат истовремено, таквиот облик на канон се нарекува огледален канон.

Раков канон (или ретрограден канон, canon cancrizans) е вид канон во кој мелодијата на првиот глас се подражава со истата мелодија која се движи во спротивна насока (од крајот кон почетокот).

Канон во аугментација (canon per augmentationem) е облика на канон во која мелодијата на подражувачкиот глас (risposta) се наоѓа во (обично двојно) подолги нотни вредности. Во канон во диминутција (canon per diminutionem), нотните вредности во рипостот се пократки.

Кружниот канон е вид канон кој, со секое појавување на следниот глас, модулира по квинтен или квартен круг. Ова се случува затоа што гласовите се јавуваат во интервал од кварта или квинта. Таквиот канон се нарекува и модулациски (canon per tonos). (Пример: Моцарт, Реквием, движење Domine Jesu, квартет на солисти, такт 32.)

Во загонетниот канон, кој бил особено популарен како облик на забава меѓу фламанските полифонисти во 15 и 16 век, начинот за остварување на канонот требало да се најде со дешифрирање некоја изрека или поговорка, на пр. „Noctem in diem vertere“ (претворете ја ноќта во ден - пејте црни ноти како бели, значи, аугментација) или „Qui se exaltat, humiliabitur, qui se humiliat, exaltabitur“ („кој се возвишува ќе биде понижен, кој што се понижува ќе се воздигне“, значи, се работи за канон во инверзија).

Канонот како музички облик бил особено популарен во епохата на ренесансата и барокот, а во епохите што следеле се користел само спорадично. Во 20 век, интересот за канонот бил обновен, како во облик на претходните епохи, така и како последица на употребата на серијализмот. Поради строгоста на обликот и техниката, создавањето канони во претходните векови, како и денес, се сметало за неопходна педагошка дисциплина за образование на идниот композитор, како и средство за проверка на неговата вештина.

Историја

уреди

Среден век и ренесанса

уреди

Во текот на средниот век, ренесансата и барокот - односно во почетокот на 18 век - секој вид подражувачки музички контрапункт се нарекувал фуга, со строгото подражување сега познато како канон, квалификуван како фуга лигата, што значи „окована фуга“.[3][4][5] Дури во 16 век, зборот „канон“ почнал да се користи за да се опише строгата, подражувачка текстура создадена со таква постапка.[4] Зборот е изведен од грчкиот „κανών“, латинизиран како канон, што значи „закон“ или „норма“. Во контрапунктна употреба, зборот се однесува на „правило“ кое го објаснува бројот на делови, влезни точки, транспозиции и така натаму, со кои еден или повеќе дополнителни делови може да се изведат од една напишана мелодиска линија. Ова правило обично се давало усно, но можело да се дополни и со посебни знаци во партитурата, кои понекогаш и самите се нарекуваат канони.[3] Најраните познати нерелигиозни канони се англиските раунди, облик кој првпат го добил името rondellus од Волтер Одингтон на почетокот на 14 век.[4] Најпознат е „Sumer is icumen in“ (составен околу 1250 година), наречен rota („тркало“) во изворниот ракопис.[6][7] Поимот „round“ првпат бил употребен во англиските извори во 16 век.[8]

Музички пример

уреди

Наводи

уреди

Литература

уреди
  • Johann Georg Albrechtsberger
  • Barrett, Margaret S. (ed.). 2014. Collaborative Creative Thought and Practice in Music. Farnham: Ashgate Publishing, Ltd. ISBN 9781472415868.
  • Benjamin, Thomas. 2003. The Craft of Tonal Counterpoint New York: Routledge. ISBN 0-415-94391-4 (accessed 14 April 2011)
  • Bridge, J. Frederick. [1881]. Double Counterpoint and Canon. London: Novello & Co., Ltd.; New York: The H. W. Gray Co., Inc.
  • Carvalho, Mário Vieira de. 1999. "Towards Dialectic Listening: Quotation and Montage in the Work of Luigi Nono". Contemporary Music Review 18, no 2: 37–85.
  • Chafe, Eric Thomas. 2000. Analyzing Bach Cantatas. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-512099-8 (cloth); ISBN 978-0-19-516182-3 (pbk).
  • Ciconia, Johannes. 1993. Nova musica and De Proportionibus, edited and translated by Oliver B. Ellsworth. Greek and Latin Music Theory 9. Lincoln: University of Nebraska Press. ISBN 9780803214651.
  • Cook, Nicolas. 1990. Music, Imagination and Culture. Oxford: Clarendon Press; New York: Oxford University Press.
  • Davidian, Teresa. 2015. Tonal Counterpoint for the 21st-Century Musician: An Introduction. Lanham and London: Rowman and Littlefield. ISBN 978-1-4422-3458-1 (cloth); ISBN 978-1-4422-3459-8 (pbk); ISBN 978-1-4422-3460-4 (ebook).
  • Peter Maxwell Davies
  • Davies, Peter Maxwell. 1972. [Supplement]: "Canons and Epitaphs in Memoriam Igor Stravinsky. A Solution by Peter Maxwell Davies of the Puzzle-Canon He Contributed to Set I, Published in Tempo 97". Tempo, no. 100: three unnumbered pages.
  • David Fallows
  • Griffiths, Paul. 2001. "Messiaen, Olivier (Eugène Prosper Charles)". The New Grove Dictionary of Music and Musicians, second edition, edited by Stanley Sadie and John Tyrrell (musicologist)
  • Hartmann, Günter. 1989. "Ein Albumblatt für Eliza Wesley: Fragen zu Mendelssohns Englandauenthalt 1837 und eine spekulative Antwort". Neue Zeitschrift für Musik 150, no. 1:10–14.
  • Hewett, Helen. 1957. "The Two Puzzle Canons in Busnois's Maintes femmes". Journal of the American Musicological Society 10, no. 2 (Summer): 104–110.
  • Antony Hopkins
  • Richard Hoppin
  • Hughes, R. 1966. Haydn String Quartets. London: BBC.
  • Johnson, David. 2001. "Round". The New Grove Dictionary of Music and Musicians, second edition, edited by Stanley Sadie and John Tyrrell (musicologist)
  • Johnson, Stephen. 1994. Beethoven. New York: Simon and Schuster. ISBN 9780671887896.
  • David Wyn Jones
  • Karhausen, Lucien. 2011. The Bleeding of Mozart. Foreword by H. C. Robbins Landon. Xlibris. ISBN 9781456850760.
  • Michael Kennedy (music critic)
  • Joseph Kerman
  • Latham, Peter. 1948. Brahms. London: Dent.
  • Leven, Louise W. 1948. "An Unpublished Mendelssohn Manuscript". The Musical Times 89, no. 1270 (December): 361–363.
  • Litterick, Louise. 2000. "Chansons for Three and Four Voices". In The Josquin Companion, edited by Richard Sherr, 335–392. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-816335-5.
  • Alfred Mann (musicologist)
  • Denis Matthews
  • Merriam-Webster. n.d. "Puzzle Canon"". Merriam-Webster Dictionary online edition (бара претплата).
  • Messiaen, Olivier (1944). La technique de mon langage musical (француски). Paris: Alphonse Leduc. ISBN 9782856890332.
  • Thomas Morley
  • Mortensen, Jørgen. n.d. "The 'Open Hierarchies' of the Infinity Series". In Per Nørgård: En introduktion til komponisten og hans musik (Danish and English), edited by Jørgen Mortensen. www.pernoergaard.dk (Accessed 20 January 2013).
  • Musgrave, Michael. 1985. The Music of Brahms. London: Routledge.
  • Perkins, Leeman L. 2001. "Ockeghem [Okeghem, Hocquegam, Okegus etc.], Jean de [Johannes, Jehan]". The New Grove Dictionary of Music and Musicians, second edition, edited by Stanley Sadie and John Tyrrell (musicologist)
  • Ernst Richter
  • Robinson, Paul (ed.). 1996. Ludwig van Beethoven: Fidelio. Cambridge and New York: Cambridge University Press. ISBN 0-521-45221-X.
  • Ernest H. Sanders
  • Ernest H. Sanders
  • Percy Scholes
  • Tangian, Andranik (2002–2003). „Eine kleine Mathmusik I and II“. IRCAM, Seminaire MaMuX, 9 February 2002, Mosaïques et pavages dans la musique. Посетено на January 16, 2021.
  • Tangian, Andranik (2003). „Constructing rhythmic canons“ (PDF). Perspectives of New Music. 41 (2): 64–92. Посетено на January 16, 2021.
  • Tangian, Andranik (2010). „Constructing rhythmic fugues“. IRCAM, Seminaire MaMuX, 9 February 2002, Mosaïques et pavages dans la musique (PDF) ((unpublished addendum to Constructing rhythmic canons)). Посетено на January 16, 2021.
  • Richard Taruskin
  • Tatlow, Ruth. 1991. Bach and the Riddle of the Number Alphabet. Cambridge and New York: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-36191-0.
  • Todd, R. Larry. 2003. Mendelssohn. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-511043-2.
  • Tusa, Michael C. 1996. "Music as Drama: Structure, Style and Process in Fidelio". In Ludwig van Beethoven: Fidelio, edited by Paul Robinson, 101–131. Cambridge and New York: Cambridge University Press. ISBN 0-521-45221-X.
  • van Rij, Inge. 2006. Brahms's Song Collections. Cambridge and New York: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-83558-9.
  • — (1995). „Supplementary sets: theory and algorithms“. Muzika. 1: 75–99.
  • Walker, Paul Mark. 2000. Theories of Fugue from the Age of Josquin to the Age of Bach. Rochester, NY: University of Rochester Press. ISBN 9781580461504.
  • Watkins, Glenn. 1986. "Canon and Stravinsky's Late Style". In Confronting Stravinsky: Man, Musician, and Modernist, edited by Jann Pasler, 217–246. Berkeley and Los Angeles: University of California Press. ISBN 0-520-05403-2.
  • White, John David. 1976. The Analysis of Music. Englewood Cliffs, N.J.: Prentice-Hall. ISBN 0-13-033233-X.
  • Neal Zaslaw
  • Agon, Carlos, and Moreno Andreatta. 2011. "Modeling and Implementing Tiling Rhythmic Canons in the OpenMusic Visual Programming Language". Perspectives of New Music 49, no. 2 (Summer): 66–91.
  • Andreatta, Moreno. 2011. "Constructing and Formalizing Tiling Rhythmic Canons: A Historical Survey of a 'Mathematical' Problem". Perspectives of New Music 49, no. 2 (Summer): 33–64.
  • Blackburn, Bonnie J. 2012. "The Corruption of One Is the Generation of the Other: Interpreting Canonic Riddles". Journal of the Alamire Foundation 4, no. 2 (October):182–203.
  • Cooper, Martin. 1970. Beethoven: The Last Decade. London and New York: Oxford University Press.
  • Davalan, Jean-Paul. 2011. "Perfect Rhythmic Tiling". Perspectives of New Music 49, no. 2 (Summer): 144–197.
  • Tom Johnson. 2011. "Tiling in My Music". Perspectives of New Music 49, no. 2 (Summer): 9–21.
  • Lamla, Michael. 2003 Kanonkünste im barocken Italien, insbesondere in Rom. 3 vols. Berlin: Dissertation.de—Verlag im Internet. ISBN 3-89825-556-5.
  • Lévy, Fabien. 2011. "Three Uses of Vuza Canons". Perspectives of New Music 49, no. 2 (Summer): 23–31.
  • Mellers, Wilfred. 1983. Beethoven and the Voice of God. London: Faber and Faber.
  • Messiaen, Olivier. Traité de rythme, de couleur, et d'ornithologie (1949–1992). I-II, edited by Yvonne Loriod, preface by Pierre Boulez. Paris: Leduc, 1994.
  • Schiltz, Katelijne, and Bonnie J. Blackburne (eds.). 2007. Canons and Canonic Techniques, 14th–16th Centuries: Theory, Practice, and Reception History. Proceedings of the International Conference Leuven, 4–5 October 2005. Analysis in Context: Leuven Studies in Musicology 1. Leuven and Dudley, Massachusetts: Peeters. ISBN 978-90-429-1681-4.
  • Ziehn, Bernhard. Canonic Studies: A New Technique in Composition, edited and introduced by Ronald Stevenson. New York: Crescendo Pub., 1977. ISBN 0-87597-106-7.

Надворешни врски

уреди