Миљан Мрдаковиќ (Ниш, 6 мај 1982 - Белград, 22 мај 2020)[1] бил поранешен српски фудбалер. Настапувал на позицијата како напаѓач.

Клупска кариера

уреди

Фудбал започнал да игра во екипата на Раднички од Ниш, а веднаш потоа преминал во помладите категории во клубот на Партизан. Како 16-годишник во 1998 година Мрдаковиќ преминал во белгиски Андерлехт заедно со Горан Ловре.[2] Немал можност за прв пат да настапи за првиот тим на Андерлехт, но играл за резервните и за младинскиот тим,[3] а во текот на 2002 година бил позајмен на тогашниот белгиски прволигаш екипата на Алст.

Есента 2002 година Мрдаковиќ се вратил во Србија и потпишал за екипата на ОФК Белград.[1] Во сезоната 2002/03 тој постигнал 20 првенствени голови, а клубот го заземал третото место на табелата во Првата лига на СР Југославија.[4] По една сезона во тимот на ОФК Белград, тој се вратил во Белгија и потпишал за составот на Гент.[5] Веќе во месец април 2004 година, тој го раскинал договорот со екипата на Гент и се вратил во составот на ОФК Белград.[6] За време на неговиот втор престој во тимот на ОФК Белград, Мрдаковиќ заедно со клубот стигнал во 2004 година до полуфиналето на Интертото купот. Во полуфиналето од тоа натпреварување екипата на ОФК Белград била елиминирана од клубот на Атлетико од Мадрид.[7]

На почетокот на 2005 година Мрдаковиќ заминал во екипата на Салцбург, во Австрија. Во летото истата година се преселил во екипата на Металист од Харков во Украина. Поминал нешто повеќе од една година во украинскиот клуб, пред да се пресели во август 2006 година во клубот на Макаби од Тел Авив.[8] За израелскиот клуб, одиграл вкупно вкупно 36 натпревари во сите рангови на натпреварувања и постигнал осум гола.[9] Наредната сезона 2007/08 ја минал во португалскиот прволигаш Виторија од Гимараис. За клубот на Виторија постигнал шест гола во 27 лигашки натпревари.[10] Клубот го освоил третото место на табелата, со што се квалификувал за Лигата на шампионите.[11]

Во текот на 2008 година. Мрдаковиќ заминал во екипата на Шандонг, Кина, каде тренер бил српскиот стратег Љубиша Тумбаковиќ.[12] Со екипата на Шандонг Мрдаковиќ ја освоил шампионската титула, притоа постигнувајќи осум голови.[13]

Во месец јули 2009 година, тој се вратил во европскиот фудбал и потпишал договор за составот на Аполон од Лимасол.[14] По пристигнувањето во клубот, тој не успеал да се избори за првотимски статус, па по само еден одигран натпревар,[15] за времето на зимскиот преоден рок, бил испратен како позајмен играч во екипата на Етникос од Ахна. Мрдаковиќ одиграл една полусезона за екипата на Етникос, постигнувајќи осум гола на 14 натпревари,[16] по што се вратил повторно во екипата на Аполон. Вториот престој во клубот на Аполон ми бил далеку поуспешен. Со 21 постигнат гол во сезоната 2011/12 тој бил најдобар стрелец во кипарската прва лига.[17]

Во јуни 2011 година потпишал тригодишен договор со екипата на АЕК од Ларнака.[18] За овој клуб постигнал седум гола на 18 лигашки натпревари,[19] по што во месец февруари 2012 година си заминал.[20]

Во почетокот на 2012 година, тој по втор пат заминал во кинеското првенство и потпишал за суперлигашот составот на Џангсу. За екипата на Џангсу одиграл само пет натпревари и постигнат еден гол.[21] На почетокот на 2013 година, Мрдаковиќ се вратил на Кипар и потпишал за екипата на Енозис Неон од Паралимни.[22] Летото истата година преминал во грчката суперлига во составот на Верија, каде што во првиот дел од сезоната 2013/14 постигнал пет гола на 13 првенствени натпревари.[16] На почетокот на 2014 година, тој заминал да настапува во Сингапур и потпишал за екипата на Тампинс Роверс, каде што постигнал 25 гола во текот на календарската 2014 година.[23] Во месец февруари 2015 година се вратил во Грција и потпишал за составот на Левадијакос,[24] каде што имал одиграно само три натпревари до крајот на сезоната.[16]

Во месец јуни 2015 година се вратил во српскиот фудбал и потпишал договор со екипата на Војводина.[25] Својот прв натпревар за клубот од Нови Сад го имал во 1 коло од квалификациите за Лигата на Европа, на гостински терен кај екипата на МТК од Будимпешта (0:0).[26] На возвратниот натпревар, кој се одиграл по осум дена на стадионот Караѓорѓе, екипата на Војводина победила со резултат од 3:1, а Мрдаковиќ го постигнал својот прв гол за клубот.[27] Тој постигнал уште еден гол на домашен терен во Нови Сад за екипата на Војводина во наредното коло од квалификациите, кога бил совладан клубот на Спартак од Јурмала (3:0).[28] Набргу потоа, го загубил првотимскиот статус. Во текот на есенскиот дел од сезоната 2015/16 во српската Суперлига, Мрдаковиќ одиграл шест првенствени натпревари, најчесто влегувајќи во игра од клупата за резервни играчи.[16] Во месец декември 2015 година, тој ја напуштил екипата на Војводина и се преселил во грчкиот второлигаш Агротикос од Астерас,[29] каде во текот на пролетта 2016 година постигнал еден гол на вкупно пет натпревари.[16]

Во месец јули 2016 година, Мрдаковиќ потпишал за белградски тим Рад,[30] каде што не успеал да одигра ниту еден натпревар. Во месец јануари 2017 година по трет пат станал играч на екипата на ОФК Белград, само што овој пат клубот се натпреварувал во вториот ранг на натпреварувањето, односно во Првата лига на Србија.[31] Тој настапил на пет натпревари и постигнал два гола,[16] но екипата на ОФК Белград во сезоната 2016/17 испаднал во третиот ранг на натпреварувањето односно во Српската лига на Белград.[32] По завршувањето на оваа сезона, Мрдаковиќ ставил крај на својата играчка кариера.

Репрезентација

уреди

Во 2001 година, Мрдаковиќ настапувал за репрезентацијата на СР Југославија на Европското првенство за играчи до 18 години во Финска. Тој бил и младински репрезентативец на селекцијата на Србија и Црна Гора, но поради конфликтот со тогашниот селектор Владимир Петровиќ Пижон, не успеал да одигра повеќе натпревари.[33][34]

Во месец јули 2008 година, селекторот на српскиот олимписки тим, Мирослав Ѓукиќ, го вклучил Мрдаковиќ на списокот на играчи за Олимписките игри 2008 година во Пекинг.[35] Покрај Владимир Стојковиќ и Александар Живковиќ, Мрдаковиќ бил еден од тројцата играчи на возраст од над 23 години, што била дозволената граница за еден олимписки тим. Тој настапил на сите три натпревари на Олимпискиот турнир (Австралија, Брегот на Слоновата Коска и Аргентина), а постигнал и гол на натпреварот против африканската селекција, но српската државна репрезентација го загубилa тој натпревар (4:2).[36]

Во месец мај 2011 година, селекторот на сениорската репрезентација на Србија, Владимир Петровиќ Пижон, го вклучил Мрдаковиќ на списокот на играчи за пријателските натпревари против репрезентациите на Јужна Кореја и Австралија.[37] Мрдаковиќ се појавил на поканата, но се повредил на последниот тренинг пред патувањето во Јужна Кореја и Австралија, па така ја пропуштил можноста за прв пат да настапи за сениорската репрезентација.[38]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „IN MEMORIAM - MILJAN MRDAKOVIĆ“. ofkbeograd.co.rs. 23 мај 2020. Посетено на 23 мај 2020.
  2. „Grci široke ruke“. novosti.rs. 29 март 2009. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Terorista sa Karaburme“. glas-javnosti.rs. 28 октомври 2002. Архивирано од изворникот на 2022-04-15. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  4. „Serbia and Montenegro 2002/03“. rsssf.com (англиски). Посетено на 23 мај 2020.
  5. „Prvi strelac OFK Beograda prešao u belgijski Gent“. b92.net. 5 август 2003. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „MRDAKOVIC VERLAAT AA GENT“. voetbalkrant.com (холандски). 2 април 2004. Посетено на 23 мај 2020.
  7. „Surova stvarnost romantičara“. glas-javnosti.rs. 29 јули 2004. Архивирано од изворникот на 2022-02-01. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  8. „Miljan Mrdaković u Makabiju iz Tel Aviva“. mondo.rs. 19 август 2006. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  9. „מילאן מרדאקוביץ' (хебрејски). football.org.il. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „Miljan Mrdaković“. worldfootball.net (англиски). Посетено на 23 мај 2020.
  11. „Mrdaković: Na Kipru kao kod kuće“. novosti.rs. 22 јануари 2013. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  12. „TUMBAKOVIĆ ZATEČEN VEŠĆU: On je odveo Mrdakovića u Kinu! Nikad ne bih naslutio da bi nešto ovako moglo da se desi!“. espreso.rs. 23 мај 2020. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  13. „Miljan Mrdaković- Prerani odlazak u inostranstvo, Kipar obećana zemlja, a tu je i naslednik sa velikim potencijalom“. centarshootrs.blogspot.com. 26 март 2020. Архивирано од изворникот на 23 мај 2020. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  14. „Mrdaković u Apolonu“. b92.net. 21 јули 2009. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  15. „MILJAN MRDAKOVIC“ (грчки). cfa.com.cy. Архивирано од изворникот на 2020-05-23. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 „Miljan Mrdaković“. soccerway.com (англиски). Посетено на 23 мај 2020.
  17. „Πρώτος σκόρερ ο Μρντάκοβιτς“ (грчки). cfa.com.cy. 14 мај 2011. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. „ΔΙΕΤΕΣ ΣΥΜΒΟΛΑΙΟ ΜΕ ΜΙΡΤΑΚΟΒΙΤΣ“ (грчки). aek.com.cy. 21 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 23 мај 2020. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  19. „MILJAN MRDAKOVIC“ (грчки). cfa.com.cy. Архивирано од изворникот на 2020-05-23. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  20. „ΟΛΟΚΛΗΡΩΘΗΚΕ Η ΜΕΤΕΓΓΡΑΦΗ ΤΟΥ ΜΙΛΙΑΝ“ (грчки). aek.com.cy. 29 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 23 мај 2020. Посетено на 22 јули 2019.
  21. „Mrdaković: Kineska liga je među najjačim na svetu, gol na Igrama obeležio karijeru“. sport.blic.rs. 15 декември 2012. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  22. „Mrdaković debitovao za Enozis“. novosti.rs. 12 јануари 2013. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  23. „Mrdaković postigao 25 golova ove godine“. sport.blic.rs. 15 ноември 2014. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  24. „Miljan Mrdaković u Levadijakosu“. n1info.com. 12 февруари 2015. Архивирано од изворникот на 2020-05-23. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  25. „POTPISAO MRDAKOVIĆ“. fkvojvodina.rs. 4 јуни 2015. Архивирано од изворникот на 2022-02-01. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  26. „MTK – VOJVODINA 0:0“. fkvojvodina.rs. 2 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2022-02-01. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  27. „VOJVODINA – MTK 3:1 (2:1)“. fkvojvodina.rs. 10 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2022-02-01. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  28. „VOJVODINA – SPARTAKS JURMALA 3:0 (2:0)“. fkvojvodina.rs. 16 јули 2015. Архивирано од изворникот на 2022-02-01. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  29. „MILJAN MRDAKOVIĆ NAPUSTIO VOJVODINU“. fkvojvodina.rs. 26 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2022-02-01. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  30. „Mrdaković u Radu: Došao sam da pomognem golovima i iskustvom“. novosti.rs. 3 јули 2016. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  31. „POVRATAK GOLGETERA“. ofkbeograd.co.rs. 19 јануари 2017. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  32. „Sunovrat velikana - OFK Beograd ispao iz Prve lige!“. sportske.net. 3 мај 2017. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  33. „Ja sam Pižon, a ko su oni!“. glas-javnosti.rs. 18 февруари 2003. Архивирано од изворникот на 2020-05-23. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  34. „Mrdaković čuvar "Romantike". glas-javnosti.rs. 25 март 2003. Архивирано од изворникот на 2020-05-23. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  35. „Đukić pozvao i Mrdakovića“. b92.net. 28 јули 2008. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  36. „Srbija izgubila od Obale Slonovače“. rts.rs. 10 август 2008. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  37. „Pižon hoće pobednike“. novosti.rs. 27 мај 2011. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  38. „Mrdaković propušta turneju“. novosti.rs. 1 јуни 2011. Посетено на 23 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски

уреди