Мишел Битор
Мишел Битор (француски: Michel Butor, роден на 14 септември 1926 во Монс ан Баре - починал на 24 август 2016 во Контамин сир Арв[1][2] ) — француски поет и писател на дела во жанрот „Модерен роман“, член на литературното движење „Нов роман“.
Мишел Битор | |
---|---|
Роден/а | Мишел Мари Франсоа Битор 14 септември 1926 Монс ан Баре, Франција |
Починат/а | 24 август 2016 Контамин сир Арв, Франција | (возр. 89)
Занимање | писател |
Националност | французин |
Апсолвент на | Париски универзитет |
Жанр |
|
Значајни дела | La modification |
Животопис
уредиМишел Мари Франсоа Битор е роден на 14 септември 1926 година во Монс ан Баре, предградие на Лил во Франција. Во 1929 година неговото семејство се преселило во Париз каде се школувал, со исклучок на 1939-1940 година, кога за време на војната.
Во 1947 година дипломирал филозофија во Сорбона[3]. По дипломирањето предавал француски јазик во Египет (1948-1951), на Универзитетот во Манчестер (1951-1953), Солун (1954-1955), филозофија во интернационална школа во Женева (1956-57 и 1975-1991), и во голем број градови во САД и Франција, до 1991 година, кога се пензионирал.
Во 1958 година се ожени за Мари-Жо, со која имаат три ќерки.
Со првите романи „Passage de Milan“ и „L'Emploi du temps“ се обидел да се отцепи од традиционалната форма на класичниот роман и да го претстави ликот на современиот свет. Тој станал еден од претставниците на авангардното литературно движење во 60-тите година во Франција, наречено „Нов роман“. Заедно со автори како Натали Сарон, Ален Роб-Грин, Клод Симон, придонесел за развојот на новиот литературен јазик. Вториот негов роман бил награден со наградата „Фенеон“.
Со романот „Промена“ од 1957 година бил награден со наградата „Ренодо“. Во 1970 година романот бил екранизиран во истоимениот филм. Во 1960 година тој најавил дека излегува од движењето и дека започнува да пишува експериментална литература. Така, во 1962 година ја напишал „Mobile“. Од 1970 година започнал да пишува поетски дела.
Во 2006 година бил награден со главна награда за поезија, а во 2013 година бил награден со Големата награда на Француската академија за животно дело.
Творештво
уредиСамостојни романи
уреди- Passage de Milan (1954)
- L'Emploi du temps (1956) – награда „Фенеон“
- La Modification (1957) – награда „Ренодо“
Експериментални книги
уреди- Mobile : étude pour une représentation des États-Unis (1962)
- Réseau aérien (1962)
- Portrait de l'artiste en jeune singe (1967)
- Matière de rêves : série de cinq ouvrages (1975-1985)
Серија „Генијалец“ (Le Génie du lieu)
уреди- Le Génie du lieu (1958)
- Ou (1971)
- Boomerang (1978)
- Transit (1992)
- Gyroscope (1996)
Поезија
уреди- Hoirie-Voirie (1970)
- Travaux d'approche (1972)
- Catalogue d'Exposition de Georges Lauro (1979)
- Envois (1980)
- Exprès (1983)
- A Fleur de Peau (1985)
- Passages de Fleurs (1985)
- Victor Hugo écartelé (1988)
- Le fil à quoi tient notre vie (1996)
- Don Juan
- Zoo
- Géographie parallèle (1998)
- Dialogue avec Arthur Rimbaud (2001)
- Au Rendez-vous des amis (2003)
- Don Juan en Occitanie (2007)
- Survivre (2010)
- Les Temps suspendus (2010)
- 24 Trièdres (2011)
- Femmes de Courbet (2012)
- Une nuit sur le Mont Chauve (2012)
Документалистика
уреди- Répertoire I à V (1960-1982)
- Histoire extraordinaire : essai sur un rêve de Baudelaire (1961)
- Retour du boomerang (1988)
- Improvisations sur Flaubert (1989)
- Improvisations sur Rimbaud (1989)
- Icare à Paris ou les entrailles de l'ingénieur (1992)
- L'utilité poétique (1995)
- Improvisations sur Balzac (1998)
- Neuf leçons de littérature (2007)
- Petite histoire de la littérature française (2008)
- Improvisations sur Michel Butor : L'écriture en transformation (2014)
Екранизација
уреди- 1970 La modification
- 1974 L'enchantement – ТВ филм
Наводи
уреди- ↑ L’écrivain Michel Butor, figure du Nouveau Roman, est mort (француски)
- ↑ French writer Michel Butor dies aged 89: family
- ↑ His DES thesis (diplôme d'études supérieures , roughly equivalent to an MA thesis) under Gaston Bachelard was titled Les Mathématiques et l'idée de nécessité, "Mathematics and the Idea of Necessity" (see Mary Lydon, Perpetuum Mobile: A Study of the Novels and Aesthetics of Michel Butor, University of Alberta, 1980, p. 156 n. 31).
Надворешни врски
уреди- Мишел Битор на Ризницата ?
- Michel Butor page, University of Edinburgh