Милја (село)

село во Катеринско, Егејска Македонија

Милја или Средна Милја (грчки: Μηλιά или Μεσαία Μηλιά) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 293 жители (2021).

Милја
Μηλιά
Влезот на селото
Влезот на селото
Милја is located in Грција
Милја
Милја
Местоположба во областа
Милја во рамките на Катерина (општина)
Милја
Местоположба на Милја во Пиерскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°15′N 22°18′E / 40.250° СГШ; 22.300° ИГД / 40.250; 22.300
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаКатерина
Општ. единицаЛоково
Надм. вис.&10000000000000450000000450 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно293
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 21 км западно од градот Катерина, во југоисточното подножје на планината Шапка, на надморска височина од 450 м.[2]

Историја

уреди

Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Во XIX век Милја било грчко село во Катеринската каза на Солунскиот санџак.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 670 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 545 лица.[2]

Стопанство

уреди

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 612 608 765 508 442 423 430 352 293
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

уреди
  • Основно училиште
  • Поранешна градинка

Самоуправа и политика

уреди

Во 1918 година, селото станало самостојна општина.[2] Во 1966 година, седиштето на општина Милја било префрлено во соседното село Долна Милја. Општината Милја била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.

Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Милја, во кој влегуваат селата Горна Милја, Долна Милја, Кариес и Фтери.

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на црквата „Св. Евстатиј

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 279.
  3. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/52382/1296/16-1-1989 - ΦΕΚ 114/Β/20-2-1989“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 11 април 2024.