Црква „Св. Ѓорѓи“ - Милово
црква во Милово, Берско, Егејска Македонија
Свети Ѓорѓи — црква кај селото Милово, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Китроско-катеринско-платамонската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот датира од 1537 г. Мермерната плоча на Чесната трпеза е изработена во 1014 г. и префрлена во оваа црква.[1]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
Поглед на црквата | |
40°32′16″N 22°31′16″E / 40.53778° СГШ; 22.52111° ИГД | |
Место | Милово, Берско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1537 |
Управа | |
Епархија | Китроско-катеринско-платамонска |
Во црквата во XIX век работел кулакискиот зограф Константинос Ламбу, кој ја насликал царската икона на Христос,[2] како и Димитриос и Дакос Хаѕистаматис, кои изработиле низа икони на фризот и распетието на иконостасот.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Η Θρησκευτική Κληρονομιά μας“. Polys Guest House. 26 октомври 2014. Архивирано од изворникот на 18 февруари 2015.
- ↑ Γραίκος, Νικόλαος (2007). Κουλακιώτες ζωγράφοι στην ευρύτερη περιοχή της Κατερίνης κατά τον 19ο αιώνα (грчки). Αθήνα: Εικοστό Έβδομο Συμπόσιο Βυζαντινής και Μεταβυζαντινής Αρχαιολογίας και Τέχνης. Πρόγραμμα και περιλήψεις εισηγήσεων και ανακοινώσεων. Βυζαντινό και Χριστιανικό Μουσείο, 11–13/5: Χριστιανική Αρχαιολογική Εταιρεία. стр. 34. Посетено на 15 јуни 2014. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ Γραίκος, стр. 35.