Милан Вилотиќ
Милан Вилотиќ (Белград, 21 октомври 1986) е српски фудбалер кој настапува како играч во одбраната.
Кариера
уредиКариерата ја започнал во 2004 година во екипата на Чукарички, каде настапувал сѐ до месец август 2009 година, кога ќе се приклучи на составот на Црвена ѕвезда.[1]
По една повреда, Милан Вилотиќ, очигледно со недоволно коректна лекарска интервенција, неговата коска од пределот на рамото сраснала на погрешен начин. Со текот на времето, просторот помеѓу двете коски почнал да се калцифицира, што по одреден временски период предизвикало појава на тумори. На крајот на месец август 2010 година на првотимецот од екипата на Црвена ѕвезда, лекарите му пронашле туморно ткиво на десното рамо, поради што бил опериран во градот Болоња, во Италија.[2][3]
На крајот на месец јануари 2011 година добил потврда од докторот Марио Меркјури од клиниката „Риколи“ во Болоња дека бил подготвен за сите физички напори и дека сепак ќе можел професионално да продолжи да се занимава со фудбал.[4]
По враќањето во тренажниот процес, тој во два наврати бил отстранет од тимот, поради конфликт со тренерот Роберт Просинечки. Најпрво во месец јули 2011 година тој бил суспендиран поради имитирање и потсмевање на тренерот Просинечки, поради што му била одземена и капитенската лента,[5][6] а подоцна бил вратен во тимот по интервенција на раководството.[7] Тој не се задржал долго во тимот, бидејќи влегол во отворена кавга со соиграчот Борхи[8], по што бил отстранет од тимот, а веднаш потоа бил ставен и на трансфер листата.
Вилотиќ сочекал да стане слободен играч и на крајот без обесштетување ги оставил белградските „црвено-бели“. Од месец јуни 2012 до месец јануари 2014 година настапувал за швајцарскиот тим на Грасхопер, а потоа станал и член на екипата на Јанг Бојс од Берн.[9] На крајот од месец февруари 2017 година, тој се вратил во екипата на Грасхоперс,[10] а во текот на 2018 година се преселил во составот на Санкт Гален.
Репрезентација
уредиМилан Вилотиќ во 2009 година бил учесник на Европското првенство за играчи до 21 година во Шведска.
За најдобрата репрезентација на Србија одиграл три натпревари. Својот прв натпревар го одиграл на 7 јуни 2011 година на пријателскиот натпревар против селекцијата на Австралија (0:0) во Мелбурн. Тој настапил во месец август 2011 година против репрезентацијата на Русија (0:1) во Москва и во ноември 2011 година против составот на Хондурас (0:2) во Сан Педро Сула.
Трофеи
уредиЦрвена ѕвезда
уреди- Освоен е Купот на Србија: 2009/10.
Наводи
уреди- ↑ „Милан Вилотић прешао у Звезду“. b92.net. 11 август 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Милан Вилотић има тумор у рамену“. pressonline.rs. 25 август 2010. Архивирано од изворникот на 2018-02-27. Посетено на 2022-02-06. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Вилотић у Београду“. novosti.rs. 10 септември 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Вилотић добио зелено светло за наставак каријере, ускоро на тренинзима Звезде“. sport.blic.rs. 28 јануари 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Вилотић одстрањен из тима!“. mondo.rs. 16 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2018-02-27. Посетено на 2022-02-06. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Просинечки и Вилотић – где је пукло?“. mondo.rs. 17 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 2022-02-06. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Вилотић враћен у тим, иако је тренер против тога“. politika.rs. 3 август 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Потукли се Вилотић и Борха!“. novosti.rs. 27 ноември 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Вилотић из Грасхоперса прешао у ривалски Јанг Бојс“. sport.blic.rs. 1 февруари 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Милан Вилотић се вратио у стари клуб“. sportskenovosti.net. 1 март 2017. Архивирано од изворникот на 2022-02-07. Посетено на 2022-02-06. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди- Милан Вилотиќ на сајтот на српската репрезентација