Метимирци
историско село во Демирхисарско
Метимирци — историско село на територијата на Општина Демир Хисар, денес во средишниот источен атар на с. Света.[2]
Метимирци | |
Координати 41°15′10″N 21°17′24″E / 41.25278° СГШ; 21.29000° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 643 м |
Географија
уредиМетимирци се наоѓало во областа Железник, на десниот брег на Црна Река, спроти селото Света, во место обраснато со лескова шума, наречено Леска, Широка Леска, Тумбица или Тумба Бакре.[2]
Историја
уредиСелото било мошне старо, за што сведочи од средновековната населба со некропола во наоѓалиштето Широка Леска, токму на местото кајшто се наоѓало Метимирци.[3]
Населението се иселило во Света, Кутретино и други блиски села.[2] Од Метимирци во месноста постојат остатоци во облик на растурени камења. Познато е дека имало своја црква и селска слава.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 93. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 142. ISBN 9989-649-28-6.