Мајне
Мајне (германски: Meine) — општина во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Мајне | |
Црквата „Св. Стефан“ во Мајне | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гифхорн |
Општ. заед. | Папентајх |
Месни единици | 8 |
Градоначалник | Уте Хајнзон-Бухман (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 38,73 км2 |
Надм. височина | 79 м |
Население | 8.667 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 224 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GF |
Пошт. бр. | 38525 - 38527 |
Повик. бр. | 05304 |
Портал | www.gemeinde-meine.de |
Местоположба на Мајне во рамките на округот Гифхорн | |
Координати | 52°23′0″N 10°32′0″E / 52.38333° СГШ; 10.53333° ИГД |
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Папентајх.
Географија
уредиМестоположба
уредиМајне се наоѓа во источниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија на патот од Брауншвајг кон Линебуршкото Поле. Низ општината поминува Средногерманскиот Канал.
Соседни општини
уредиОпштината Мајне на југ се граничи со градот Брауншвајг. Други соседни општини се Ретгесбител, Фордорф, Изенбител, Васбител, Калберла (сите во округот Гифхорн) и Лере (округ Хелмштет). Градовите Брауншвајг, Гифхорн и Волфсбург се оддалечени околу 10 километри од Мајне.
Општински единици
уредиОпштината е составена од местата Мајне, Абесбител, Бехтсбител, Веделхајне, Ведесбител, Грасел, Графенхорст и Онхорст, како и населбите Мајнхолц и Мартинсбител.
Историја
уредиПрвото спомнување во документи на Мајне било во 1007 година. Порано селото било познато како Мајнум (Meynum). Се смета дека Мајне е многу постаро и дека е подигнато за време на Саските војни од трупите на Карло Велики. Од XI век, Мајне бил пограничен град помеѓу Бискупијата Хилдесхајм и Бискупијата Халберштат.
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |