Марчишта (Костурско)
Марчишта (дијалектно: Марчишча; грчки: Κάτω Περιβόλι, Като Периволи; до 1926 г. Μάρτσιστα, Марциста[1]) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]
Марчишта Κάτω Περιβόλι | |
---|---|
Координати: 40°21.54′N 21°9.47′E / 40.35900° СГШ; 21.15783° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Рупишта |
Општ. единица | Рупишта |
Надм. вис. | 910 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на 22 км југозападно од Рупишта, на планината Одре. На 1 км северно е селото Мангила, а на 2 км западно е Осничани. Лежело на истоимената река Марчишта[3] (Жулишта,[3] Тулиште,[4] Жедна Река,[5] на грчки преименувана во Рема Македономахон[4]), десна притока на Галешово.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиНа крајот од ΧΙΧ век Марчишта било мало село во Костурската каза. Од запустената црква „Св. Никола“ са зачувани вредни икони.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Марчишта, Анаселишка каза, има 350 жители Македонци.[7][8]
На почетокот на XX век целото население на Марчишта било под врховенството на Вселенската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Марчишта имало 50 жители патријаршисти.[9] Според Христо Силјанов во 1906 г. селото настрадало од грчки андартски напади.[7][10] Георги Константинов Бистрицки вели дека Марчишта пред Балканските војни имало 15 македонски куќи.[7][11]
Во Грција
уредиЗа време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и по нивниот завршеток во 1913 г. влегло во состав на Грција. Истата година населението броело 130 жители (броејќи го заедно со соседното Мангила). Во 1920 г. се води одделно со 30 жители.[2] Во 1926 г. селото е преименувано во Като Периволион. По Нејскиот мировен договор во 1919 г. 16 лица од Марчишта се иселиле во Бугарија по официјален пат.[12]
На пописот од 1928 г. селото е заведено со 37 жители. Поради блискоста и малобројноста на населението, Марчишта и Мангила имале заедничко училиште. Селаните оделе на печалба.[2]
Марчишта силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949) и малкуте преостанати семејства се преселиле во Мангила.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 43 | — | — | — | — | — | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μάρτσιστα -- Κάτω Περιβόλι
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 32. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 4,0 4,1 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 713. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Kónitsa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
- ↑ „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον (грчки). Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 572. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 273. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 182–183.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 220.
- ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kato Perivoli Архивирано на 26 јули 2007 г..