Марко Блажевски
Марко Блажевски — македонски пливач кој се натпреварува на куси и средни патеки, во повеќе стилови (слободно, мешано).
Животопис
уредиМарко Блажевски е роден на 10 ноември 1992 година во Скопје, како прво дете на Боро Блажевски и Нарциса Блажевска (родена како Гркова). Неговиот татко бил долгогодишен тренер во пливачкиот клуб „Вардар“ и, истовремено, тој е личен тренер на Марко. Марко има помала сестра, Вера Блажевска, која исто така, се натпреварувала во пливање, во пионерска и младинска категорија.
Уште за време на средношколската возраст, Марко заминал да учи во САД, каде потоа го продолжил образованието, запишувајќи се на Универзитетот „Вингејт“ во Шарлот, а дипломирал во 2014 година.
Меѓународни настапи
уредиПливачки митинзи
уредиВо декември 2014 година, на пливачкиот митинг на 50-метарски базени, одржан во Марибор, Блажевски го соборил државниот рекорд на Македонија, во дисциплината 100 метри градно, постигнувајќи време од 1:04,91 минути. Стариот рекорд го држел Дамјан Петровски, кој во 2012 година, оваа патека ја испливал за време од 1:05,55 минути.[1]
Во февруари 2016 година, на пливачкиот митинг во кратки базени „Ројал опен 2016“, одржан во Шарлот, САД, Блажевски поставил два нови македонски рекорди: на 200 метри градно, каде постигнал време од 2:11,92 минути, со што за повеќе од шест секунди го надминал претходниот рекорд, постигнат во 2012 година, кој го држел Дамјан Петровски; како и на 100 метри градно, каде испливал за 1:02,17 минута, т.е. речиси две секунди побрзо од дотогашниот рекорд (и овој рекорд го држел Дамјан Петровски).[2]
Европски првенства
уредиСветски првенства
уредиНа Светското првенство во пливање во мали (25-метарски) базени, одржано во Доха, во декември 2014 година, Марко Блажевски настапил во повеќе дисциплини, при што поставил четири државни рекорди на Македонија, и тоа во дисциплините:[3] 200 метри слободно (1:49,80 минути), 100 метри мешано (55,98 секунди), 200 метри мешано (1:58,99 минути), 400 метри мешано (4:13,04 минути).
Олимписки игри
уредиБлажевски се натпреварувал на Летните олимписки игри во 2012 година, во категоријата 400 метри мешано во машка конкуренција[4] на кое што завршил на 34-то место. Претходно, тој не успеал да ја оствари олимписката норма, туку учестувал на Олимпиките игри така што добил т.н. „вајлд-карта“. Притоа, тоа било првпат, пливачи од Македонија да настапат на Олимписки игри на тој начин, односно без остварена олимписка норма.[3] Блажевски исто така се натпреваруваше на Летни олимписки игри 2016 година во категоријата 200 метри мешано во машка конкуренција при што постави нов државен рекорд и се пласираше на 26-то место .[5]
Наводи
уреди- ↑ Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 22.
- ↑ „Блажевски урива рекорди“, Македонски спорт, среда, 24 февруари 2016, стр. 10.
- ↑ 3,0 3,1 „Македонските пливачи ќе почнат трка по олимписки норми за Рио“, Дневник, година XVIII, број 5639, четврток, 11 декември 2014, стр. 22-23.
- ↑ „Marko Blazhevski“. 2012 Summer Olympics. Архивирано од изворникот на 2013-01-28. Посетено на 13 October 2012.
- ↑ http://telma.com.mk/sport/blazhevski-so-nov-drzhaven-rekord-26-ti-na-200-m-meshano