Марица (Сланица)
Марица (грчки: Μαρίτσα) — мошне мала река во Негушко, Егејска Македонија.[1]
Марица Μαρίτσα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Негушко, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | кај с. Горно Жервохор |
• координати | 40°39′06″N 22°12′54″E / 40.6518° СГШ; 22.2149° ИГД |
Устие | |
• место | напоен канал на Колудеј |
• координати | 40°39′00″N 22°15′35″E / 40.6500° СГШ; 22.2597° ИГД |
Особености на сливот |
Течение
уредиВо минатото Марица извирала од планината Каракамен, течала на исток и се е влевала во Ениџевардарското Езеро меѓу реките Мегленица и Кутијка (Кутија). Во 1930-те години езерото е пресушено и на подрачјето се извршени голем број мелиоративни работи со кои е прекинат природниот тек на реките. Денес Марица излегува на две места од напојниот канал Мавронери јужно од Горно Жервохор, тече на исток низ Жервохор и се влева во следниот напоен канал, притока на Колудеј.
Екологија и видови
уредиОпштината Негуш ја прогласила реката за заштитено влажно станиште наречено „Марица“. Во 2011 г. со координирани дејства на општинската власт и со голем придонес од месни доброволци, по реката е извршен голем зафат за расчистување и заседени се дрвја. Во поречието има преку 200 украсни дрва, како разни видови чинари, дабови, сребрени липи, бели дудови, црни дудови, јавори, елки, килибаровци и лалеви дрва.[1]
По бреговите на Марица живеат 33 животински видови. Тие вклучуваат разни видови риби како ципалот, црвената и црната црвеноперка, редок вид златни рипки, крапот, кострешот и ретката црна мрена. Застапени се и крабите, речната желка, жабите, нутриите, видрите, школки, големите црни ракови, дивата патка, црвеноклуната блатна кокошка и големиот корморан. Преку зимата во стаништето живеат преселни птици како пеликани, диви гуски и лебеди.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Υδροβιότοπος "Μαρίτσα" Παλαιού Ζερβοχωρίου“. Δήμος Ηρωικής Πόλης Νάουσας. Архивирано од изворникот на 2021-09-26. Посетено на 4 април 2021.