Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пантелеј

црква во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Пантелеј, Кочанско

Успение на Пресвета Богородица — постара манастирска црква Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, Македонија.

Успение на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Спанчевска
Местоположба

Карта

Координати 41°58′4.8″N 22°18′36.8″E / 41.968000° СГШ; 22.310222° ИГД / 41.968000; 22.310222
Место Пантелеј
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1872
Живопис 1872
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во западниот дел на селото,[1] од десната страна на асфалтниот пат кој продолжува кон Рајчани.

Историја

уреди

Изградена е во 1872 година под водство на игуменот Хаџи Харалампиј (иако самиот манастир е основан во 1864 година).[2]

Во 2002 година црквата е обновена под надлежност на митрополитот Агатангел Брегалнички (подоцна Повардарски) поради оштетеноста на нејзината внатрешност.[2]

Архитектура

уреди

Црквата е еднокорабна градба, сместена непосредно до главната црква „Св. Пантелејмон“.

Фрескоживопис

уреди

Живописана е истата година кога била изградена (1872 година) од самоковскиот зограф Захариј Доспевски. При обновата во 2002 година, црквата добила нови фрески од зографот Венко Цветков од Скопје.[2]

На црквата има фрески и на западната фасада на црквата.[3]

Икони и иконостас

уреди

Од 1872 година потекнуваат иконостасот и иконите.[2]

При обновата во 2002 година е изработен нов резбан иконостас од копаничарот Слободан Димитров од Пробиштип, а фреските и иконите се дело на зографот Венко Цветков од Скопје.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 55. OCLC 16745284.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Кочанско архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-11-27. Посетено на 31 март 2014.
  3. Апостолова Чаловска, Емилија (24 јануари 2022). „ОСВРТ НА ПРЕРОДБЕНСКАТА ЦРКОВНА АРХИТЕКТУРА ВО СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН“ (PDF). Институт за фолклор „Марко Цепенков“. Посетено на 9 ноември 2024. line feed character во |title= во положба 44 (help)

Надворешни врски

уреди