Манастир „Св. Архангели“ - Чука (Костурско)
Свети Архангели (грчки: Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας) — средновековен манастир во Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.
Свети Архангели | |
---|---|
Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας | |
Поглед на црквата | |
40°25′55.88″N 21°4′28.38″E / 40.4321889° СГШ; 21.0745500° ИГД | |
Место | Чука, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | XIII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Костурско |
Епархија | Костурска |
Манастирот се наоѓа во областа Нестрамкол, на врв на карпа кај напуштеното село Чука, на 1,5 км од с. Радигоже и на 21 км од градот Костур.
На крајот од XIII век манастирот е живописан со помош на царевите од династијата Палеолози.[2] Во 1684 г. селото Чука и овој манастир, заедно со селото Галишта и неговата црква „Св. Ѓорѓи“ му се дадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“ како негов имот.[3] Манастирот е разурнат во 1943 г. од италијанската окупаторска војска. За време на Граѓанската војна (1946 – 1949) жителите на Чука се иселиле и селото останало запустено.
Од манастира денес се зачувани три градби — манастирската црква, црквата „Живоносен Извор“ и манастирската трпезарија.
Во 1962 г. манастирот е прогласен за споменик на културата.[4]
Литература
уреди- Αλεξίου, Γεώργιος. Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας Καστοριάς, Καστοριά, 2007.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ιερά Μονή Ταξιαρχών Τσούκας Καστοριάς
- ↑ Παντελής Τσαμίσης, Η Καστοριά και τα μνημεία της σ.149, τύποις Αλευροπούλου, Εν Αθήναις 1949
- ↑ D. M. Nicol. Two Churches of Western Makedonia, в: Byzantinisch Zeitschrift, t.49. pp. 99-100, 1956[мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 5 мај 2018. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help)