Црква „Св. Ѓорѓи“ - Галишта

црква во Галишта, Костурско

Свети Ѓорѓи (грчки: Ναός Αγίου Γεωργίου) — средновековна црква во селото Галишта, Костурско, Егејска Македонија.[1][2][3][4] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Свети Ѓорѓи
Αγίου Γεωργίου
Црквата од северозапад
Карта
40°25′52.33″N 21°7′11.28″E / 40.4312028° СГШ; 21.1198000° ИГД / 40.4312028; 21.1198000
МестоГалишта, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Стилпреродбенички
ИзградбаXIII век
Управа
Архијерејско намесништвоЖелгошко
ЕпархијаКостурска

Историја

уреди

Црквата била првобитно била главна црква на стар манастир. Изградена е во XI или XII век,[5] и поконкретно средината на XII век според првиот живописен слој.[4] Вторите живописи се од 1287 г., како што вели еден натпис.[4]

Во 1684 г. селото Галишта заедно со црквата „Св. Ѓорѓи“ и селото Чука со манастирот „Св. Архангели“ му се дадени на манастирот „Пресв. Богородица Мавровска“ како негов имот.[6]

Според Трпо Поповски и Златко Каратанасов, во 1872 г. при случајно кутнување на еден ѕид во црквата откриена е ризница на старословенски ракописи на пергамент, но истите се изгорени од костурскиот митрополит Никифор.[7][8][9]

Во 1924 г. храмот е прогласен за споменик на кулурата.[10]

Црквата е реставрирана во 1950 г. и повторно во 1989 г.[11][12][13]

Архитектура

уреди

Првичната црква била крстокуполна со нартекс, а подоцна ѝ е придодаден втор напречен кораб, вклучувајќи ги во себе дотогаш одделната камбанарија и галеријата со параклиси од северната и јужната страна.[5] Градбата архитектонски наликува на „Пресв. Богородица Перивлептос“ во Охрид.[4]

Живопис

уреди

Првичнот живописен слој е запазен само во фрагменти, откриени при реставрација. На западната страна на новиот кораб има добро зачувани фрески од 1287 г. Фрески од првиот период се зачувани, и ги има и во горниот кат на камбанаријата. Во северниот ѕид на храмот има уникатна икона на Свети Ѓорѓи од XIII или XIV век, каде тој е преставен полн раст во речиси висок релјеф и во висина од 2,6 метри.[4]

Литература

уреди
  • Α. Πέτκος,-Μ. Παρχαρίδου, Ανάγλυφη εικόνα του Αγίου Δημητρίου από την Ομορφοκκλησιά Καστοριάς, Μακεδονικά, τ. ΛΒ΄, Θεσσαλονίκη 2001 Резюме[мртва врска]
  • Мавродинов, Никола. Проучвания върху старобългарското изкуство (отпечатък от Годишник на народния музей, кн.VI /1932-1934/)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ο Βυζαντινός ναός του Αγίου Γεωργίου στην Ομορφοκκλησιά Καστοριάς 15-10-2014“. Το Βοϊον. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 30 септември 2016.
  2. „Άγιος Γεώργιος Ομορφοκκλησιάς, Καστοριάς“. Greek Orthodox Religious Tourism. Посетено на 23 октомври 2016.
  3. „Άγιος Γεώργιος Ομορφοκκλησιάς“. Νομαρχιακή Αυτοδιοίκηση Καστοριάς. Архивирано од изворникот на 2016-12-26. Посетено на 26 декември 2016.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 47.
  5. 5,0 5,1 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον (грчки). Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 566. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  6. D. M. Nicol. Two Churches of Western Makedonia, в: Byzantinisch Zeitschrift, t.49. pp. 99-100, 1956[мртва врска]
  7. Македонски дневник (спомени на отец Търпо Поповски), Издателство Фама, София, 2006, стр. 28 – 29.
  8. Каратанасовъ, Златко (1935). Черковно-училищната борба (1868 – 1903 г.) (PDF). София: Материяли изъ миналото на Костурско № 1, Издава Костурското благотворително братство - София, Печатница „Художникъ“. стр. 45.
  9. Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София 2003, с. 235
  10. „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)[мртва врска]
  11. Άγιος Γεώργιος - Ομορφοκκλησιά Καστοριάς
  12. „Ναός Αγίου Γεωργίου Ομορφοκκλησιάς“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2021-10-20. Посетено на 18 мај 2014.
  13. Сайт на бившия ном Костур

Надворешни врски

уреди