Манастир „Пресвета Богородица Мавровска“
Пресвета Богородица Мавровска или Мавриотица (грчки: Παναγία Μαυριώτισσα, Панагија Мавриотиса или Μεσονησιώτισσα, Месонисиотиса) — православен манастир кај Костур, Егејска Македонија. Ова е поранешен Македонски манастир, изграден во времето на Охридската архиепископија, кој денес ѝ припаѓа на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Во 1924 г. манастирската црква и параклисот „Св. Јован Богослов“ се прогласени за споменици на културата.[1]
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Други имиња | Мавротица |
Основан | X век |
Матична црква | Цариградска патријаршија |
Епархија | Костурска |
Место | |
Место | Костур |
Географија
уредиМанастирот е сместен 3 км источно до градот Костур, на крајот на Костурскиот Полуостров. Преку Костурското Езеро се наоѓа селото Маврово, по кое е наречен.
Историја
уредиЦрквата е изградена во X век, а живописот во неа е насликан во XIII. Се верува дека е изградена од царот Алексиј I Комнин (влад. 1081-1118) на местото каде војсководецот Георги Палеолог ги заобиколил и поразил Норманите, кои нападнале во 1083 г.[2]
Манастирот најпрвин се нарекувал Средоостровски. На почетокот на XVII век е преименуван во „Крпенички“ (т.е. „Богородица Крпеничка“) по блиското село Крпени. а некаде од средината до крајот на истиот век го добил денешното име, по селото Маврово на спротивниот брег.
Особено забележителна е сцената „Страшниот суд“. Резбаната влезна врата исто така е од X век.[3]
Литература
уреди- Γούναρης, Γεώργιος Γ. Η Παναγία Μαυριώτισσα της Καστοριάς, Θεσσαλονίκη, 1993.
Галерија
уреди-
Фреска во нартексот
-
Влез во црквата
-
Богородица на фреска
-
Сцени од житието на Богородица
-
Свети Сисој во параклисот „Свети Јован Богослов“ (1552)
Наводи
уреди- ↑ „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 9 јули 2018.[мртва врска]
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2021-08-03. Посетено на 2016-01-13.
- ↑ Ралица Базайтова. „Черквите на Костур“
Надворешни врски
уреди- Манастир „Пресвета Богородица Мавровска“ на Ризницата ?
- „Манастир „Богородица Мавровска" - Костур“. Манастири на Грција. (грчки)