Малополско Војводство
Малополско Војводство (полски: województwo małopolskie) — војводство во јужна Полска. Зафаќа површина од 15108 км2 и има население од 3.406.000 жители (2014).
Малополско Војводство Województwo małopolskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Малополското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Краков | ||
Окрузи | 3 градски, 19 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 15.108 км2 (5,833 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 3.406.000 | ||
• Густина | 230/км2 (600/ми2) | ||
• Градскo | 1.619.235 | ||
• Селско | 1.648.496 | ||
Рег. таб. | K | ||
Мреж. место | malopolskie.pl | ||
|
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Краковско, Тарнувско, Новосонченско и делови од Бјелското, Катовичкото, Келечкото и Кросненското, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по историската област Малополска, иако зафаќа само мал дел од неа. Историската област е значително поголема и се протега многу посеверно, сè до Радом и Шедлце, и опфаќа градови како Сталова Вола, Лублин, Келце, Ченстохова и Сосновјец.
Го опфаќа просторот меѓу Светокришките Планини на север, Краковско-ченстоховската Јура на запад и Татрите, Пјенините и Бескидите на југ. Во управен поглед се граничи со Шлескотото Војводство на запад, Светокришкото Војводство на север, Поткарпатското Војводство на исток и Словачка на југ.
Речиси сета Малополска му припаѓа сливот на реката Висла. Во 2000 г. Краков бил европска престолнина на културата. Градот има патни и железнички врски со Катовице (брз автопат), Варшава, Вроцлав и Жешув. Сместен е на важно минувалиште кое ги вкрстува патиштата од Дрезден за Киев и од Гдањск за Будимпешта. Тука е и вториот по големина аеродром во Полска — „Јован Павле II“.
Стопанство
уредиСтопанството на Малополското Војводство е повеќеделно, и ги опфаќа високата технологија, банкарството, хемиската и металуршката индустрија, рударството, производство на храна и пијалаци и тутунската индустрија. Најундустријализран град е Краков, каде, во Нова Хута, работи големата челичарница „Тадеуш Сенѓимир“ со дури 17.500 вработени. Во западниот дел се наоѓа другиот важен индустриски центар, сместен во околината на Хшанув (производство на локомотиви) и Ошвјенќим (хемиска индустрија). Краковскиот технолошки парк е специјална економска зона. Во војводството се регистрирани речиси 210.000 претпријатија (претежно мали и средни), од кои 234 се државни. До крајот на 2016 г. Малополското Војводство достигнало 18,3 милијарди долари во странски вложувања.
Градови и гратчиња
уредиВојводството има 61 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[1]
- Краков (756.757)
- Тарнув (117.109)
- Нови Сонч (84.594)
- Ошвјенќим (40.979)
- Хшанув (39.797)
- Олкуш (37.552)
- Нови Тарг (33.493)
- Бохња (29.373)
- Горлице (28.539)
- Закопане (27.486)
- Скавина (23.691)
- Андрихов (21.691)
- Кенти (19.252)
- Вадовице (19.149)
- Вјелчка (19.133)
- Тшебиња (18.769)
- Мишлењице (18.070)
- Либјонж (17.604)
- Бжеско (16.827)
- Лиманова (14.632)
- Рабка-Здруј (13.031)
- Бжешче (11.730)
- Мјехув (11.717)
- Домброва Тарновска (11.259)
- Крињица-Здруј (11.243)
- Буковно (10.695)
- Кшешовице (9.942)
- Суха Бескиѕка (9.726)
- Волбром (9.075)
- Хелмек (9.065)
- Стари Сонч (8.987)
- Њеполомице (8.537)
- Мшана Долна (7.529)
- Шчавњица (7.334)
- Тухув (6.501)
- Сулковице (6.305)
- Прошовице (6.205)
- Добчице (6.028)
- Крибув (6.025)
- Макув Подхалањски (5.738)
- Пивњична-Здруј (5.717)
- Јорданув (5.112)
- Мушина (4.980)
- Бјеч (4.585)
- Калварија Зебжидовска (4.503)
- Сломњики (4.331)
- Жабно (4.271)
- Шчуќин (4.069)
- Затор (3.726)
- Скала (3.693)
- Алверња (3.406)
- Војњич (3.404)
- Бобова (3.018)
- Радлув (2.800)
- Риглице (2.784)
- Нови Вишњич (2.716)
- Ќенжковице (2.378)
- Чхув (2.207)
- Швојнтњики Гурне (2.101)
- Нове Бжеско (1.700)
- Закличин (1.556)
Управна поделба
уредиМалополското Војводство е поделено на 22 окрузи, од кои 3 се градски, а 19 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 182 општини.
Име и изворно име |
Површина (км²) |
Население (2006) |
Седиште | Други градови | Општини |
Градски окрузи | |||||
Краков Kraków |
327 | 756.757 | 1 | ||
Нови Сонч Nowy Sącz |
57 | 84.594 | 1 | ||
Тарнув Tarnów |
72 | 117.109 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Бжешки powiat brzeski |
590 | 90.214 | Бжеско | Чхув | 7 |
Бохењски powiat bocheński |
649 | 100.382 | Бохња | Нови Вишњич | 9 |
Вадовички powiat wadowicki |
646 | 154.304 | Вадовице | Андрихув, Калварија Зебжидовска | 10 |
Вјелички powiat wielicki |
428 | 105.266 | Вјеличка | Њеполомице | 5 |
Горлички powiat gorlicki |
967 | 106.540 | Горлице | Бјеч, Бобова | 10 |
Домбровски powiat dąbrowski |
530 | 58.572 | Домброва Тарновска | Шчуќин | 7 |
Краковски powiat krakowski |
1.230 | 244.970 | Краков * | Скавина, Кшешовице, Сломњики, Скала, Швојнтњики Гурне | 17 |
Лимановски powiat limanowski |
952 | 121.658 | Лиманова | Мшана Долна | 12 |
Мишлењички powiat myślenicki |
673 | 116.793 | Мишлењице | Сулковице, Добчице | 9 |
Мјехувски powiat miechowski |
677 | 50.769 | Мјехув | 7 | |
Новосонченски powiat nowosądecki |
1.550 | 197.718 | Нови Сонч * | Крињица-Здруј, Стари Сонч, Грибув, Пивњична-Здруј, Мушина | 16 |
Новотарски powiat nowotarski |
1.475 | 181.878 | Нови Тарг | Рабка-Здрух, Шчавњица | 14 |
Олкушки powiat olkuski |
622 | 114.286 | Олкуш | Буковно, Волбром | 6 |
Ошвјенќимски powiat oświęcimski |
406 | 153.390 | Ошвјенќим | Кенти, Бжешче, Хелмнек, Затор | 9 |
Прошовички powiat proszowicki |
415 | 43.441 | Прошовице | Нове Бжеско | 6 |
Сушки powiat suski |
686 | 82.045 | Суха Бескиѕка | Макув Подхалањски, Јорданув | 9 |
Тарнувски powiat tarnowski |
1.413 | 193.549 | Тарнув * | Тухув, Жабно, Војнич, Радлув, Риглице, Ќенжковице, Закличин | 16 |
Татрански powiat tatrzański |
472 | 65.393 | Закопане | 5 | |
Хшанувски powiat chrzanowski |
371 | 128.103 | Хшанув | Тшебиња, Либјонж, Алверња | 5 |
* седиштето не е дел од округот |
Најчести презимиња
уреди- Новак: 23.671
- Војќик: 13.347
- Зајонц: 10.206
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на May 5, 2008. Посетено на August 9, 2008.
Надворешни врски
уреди„Малополско Војводство“ на Ризницата ? |
- Малополско Војводство Архивирано на 11 јули 2016 г. — официјално мрежно место
- Посетете ја Малополска — туристички портал
- Малополска агенција за регионален развој