Луганска Народна Република
Луганска Народна Република, скратено ЛНР (на руски: Луганская Народная Республика, на украински: Луганська Народна Республіка) — непризнаена држава во Источна Европа, прогласена во месец април 2014 година заедно со Донечката Народна Република[2] на територијата на Луганската област која де јуре сè уште ѝ припаѓа на Украина. Географски републиката граничи со самопрогласената Донечка Народна Република на запад, Украина на север и Русија на исток и југ. Според статистиките направени од властите на ЛНР од 1 април 2018 година на нејзина територија живеат околу 1.4 милион жители.[1]
|
||||||
Прогласена територија од 12 мај 2014 (светла зелена) и моментално контролирана територија (темнозелена) на Луганската Народна Република
|
||||||
Главен град | Луганск | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | руски, украински | |||||
Уредување | ||||||
• | Претседател | Леонид Пасечник (в.д.) | ||||
• | Премиер | Сергеј Козлов | ||||
непризнаена држава | ||||||
• | Основана | 27 април 2014 г. | ||||
• | Независност од Украина | 12 мај 2014 г. | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2018 г. | 1.469.002[1] | ||||
Валута | руска рубља | |||||
Часовен појас | Московско време (UTC+3) |
Иако де факто постои, Луганската Народна Република не е признаена како држава од ниту една членка на ООН. Нејзината независност ја признаваат само ДНР и исто така самопрогласената Јужна Осетија.[3] Според Украина, ЛНР заедно со ДНР е создадена и управувана од „терористичка организација“.[4] Со указ на претседателот Владимир Путин, од 18 февруари 2017 година, граѓаните на Луганската Народна Република може да патуваат, работат и студираат во Русија,[5] иако Русија ја нема признаено како држава, а овој чекор го објаснува како „заштита на човековите права и слободи“, поради што украинските власти ја обвинуваат дека легално ја призна републиката.[6]
Оваа статија поврзана со Украина е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Број на населението на Луганската Народна Република од 1 април 2018 година (руски)
- ↑ „Прогласена Луганска Народна Република“. Кајгана. 28 април 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-01. Посетено на 24 октомври 2018.
- ↑ „Јужна Осетија ја признава Луганската Народна Република“. Радио Слободна Европа на македонски јазик. 19 јуни 2014. Посетено на 24 октомври 2018.
- ↑ „Обвинителот на Украина ги класификува самопрогласените републики Донечка и Луганска како терористички организации“. КиевПост. 16 мај 2014. Посетено на 10 јануари 2018.
- ↑ Указ за признавање на документи издадени на граѓани на Украина и лица без државјанство кои живеат на териториите на одделните региони на Донечката и Луганската област во Украина (руски)
- ↑ „Русија ги прифати пасошите издавани од источноукраинските бунтовници“. Би би си. 19 февруари 2017. Посетено на 24 октомври 2018.