Лорикатосаурус
Лорикатосаурус Период: Средна Јура, | |
---|---|
Фосили од Lexovisaurus, Музеј за природна историја во Париз. | |
Научна класификација | |
Типски вид | |
†Loricatosaurus priscus Нопча, 1911 | |
Синоними | |
|
Лорикатосаурус (што значи „оклопен гуштер“) — диносаурус од семејството Стегосауриди кој живеел во периодот Каловиум во Средна Јура. Фосилни остатоци од Лорикатосаурус биле пронајдени во Англија и Франција.[1]
Откривање и именување
уредиЛорикатосаурусот е познат од остатоците претходно доделени на Лековисаурусот . Овие остатоци биле откриени во јамата Флетон во Оксфордска глинена формација, Флетон, Питерборо, Англија, од Алфред Лидс во текот на ноември 1901 година.[2] Материјалот подоцна му бил доделен на Stegosaurus priscus од страна на баронот Франц Нопча во 1911 година. Сепак, по подоцнежното разгледување на материјалот во 2008 година, Сузан Меидмент и нејзините колеги утврдиле дека Лековисаурус се заснова на недијагностички остатоци и измислиле нов род за другите примероци. Името на видот, прискос, потекнува од најстарото име поврзано со дијагностички примероци. Видот е познат единствено од два скелети. Спротивно на претходните извештаи (кои се однесувале на Лековисаурус), ’рбетот на рамото не е присутен во познатиот материјал; можниот ’рбет е поверојатно од опашката.[1]
Името на родот Лорикатосаурус потекнува од латинскиот „loricatus“ (што значи оклопно) и грчкиот „sauros“ (што значи гуштер). Специфичното име потекнува од латинскиот „priscus“ (што значи антички).
Опис
уредиХолотипот (BMNH R3167) е делумен скелет, вклучувајќи два вратни, шест грбни и 16 пршлени на опашката, десна рамена коска и десна лакотна коска, два средни членови на прстите (еден нецелосен), делумна бедрена коска, делумна седална коска и препонска коска, лев ивер, делумна мала писка и голема писка, споени коски на нозете и некои оклопни плочи. Овој материјал денес се наоѓа во палеонтолошката колекција на Британскиот музеј на природна историја. Друг упатен примерок (MHBR 001), од Франција, вклучува пршлени на вратот, грбот и опашката, а левата надлактица, потколеницата и некои оклопни плочи.[1]
Повеќе филогенетски анализи извршени од Сузан Меидмент и О. Матеус помеѓу 2008 и 2010 година го ставаат Лорикатосаурусот како базален род во семејството Стегосауриди.[1][3][4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Maidment, Susannah C.R.; Norman, David B.; Barrett, Paul M.; Upchurch, Paul (2008). „Systematics and phylogeny of Stegosauria (Dinosauria: Ornithischia)“. Journal of Systematic Palaeontology. 6 (4): 1. doi:10.1017/S1477201908002459.
- ↑ J. W. Hulke. 1887. Note on some dinosaurian remains in the collection of A. Leeds, Esq. Part I. Ornithopsis leedsii. Part II. Omosaurus, sp. Geological Magazine, decade 3 4:375-376
- ↑ Octávio, Mateus; Maidment, Susannah C. R.; Nicolai A., Christiansen (2009-05-22). „A new long-necked 'sauropod-mimic' stegosaur and the evolution of the plated dinosaurs“. Proceedings of the Royal Society of London B: Biological Sciences. 276: 1815–1821. doi:10.1098/rspb.2008.1909. ISSN 0962-8452. PMC 2674496. PMID 19324778.
- ↑ Susannah C. R., Maidment (2010-09-07). „Stegosauria: a historical review of the body fossil record and phylogenetic relationships“. Swiss Journal of Geosciences. 103: 199–210. doi:10.1007/s00015-010-0023-3. ISSN 1661-8726.