Препонска коска
Препонската коска (латински: os pubis) — парна коска и заедно со бедрената и седалната коска учествува во градбата на карличната коска.
Препонска коска | |
---|---|
Карличен појас | |
Машка карлица | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Os pubis |
MeSH | A02.835.232.611.781 |
TA | A02.5.01.301 |
FMA | FMA:16595 |
Делови
уредиПрепонската коска се состои од:
- тело (латински: corpus ossis pubis) што го гради предниот дел од ацетабулумот;
- две гранки: горна и долна, учествуваат однапред во ограничувањето на запречниот отвор;
- валчеста зглобна површина (латински: facies symphysialis) се зглобува со истата од спротивната коска и гради неподвижен зглоб (латински: simphysis publica).
Зглобови
уредиЗглобовите овозможуваат поврзување на двете препонски коски и поврзување на ацетабулумот со главата од бутната коска:
- срамна симфиза (латински: symphysis pubica) претставува неподвижен ’рскавичен спој што ги соединува предните краишта на двете препонски коски;
- зглоб на колкот (латински: articulatio coxae) го поврзува ацетабулумот од карличната коска со главата од бутната коска. Спаѓа во топчести зглобови и во него се вршат сите движења на ногата.
Галерија
уреди-
Лева карлична половина, приказ на срамната симфиза (препонската коска вовлечена во левиот дел).
-
Осификација на карлична коска (препонската коска е означена под број 3).
-
Карлица (срамната симфиза прикажана во долниот централен дел).
-
Внатрешна страна на карлична коска (препонската коска означена кон централниот дел).
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |