Лопатница (бања)
Бањата Лопатница се наоѓа во селото Лопатница, оддалечено 26 км од Краљево во правец на Рашка, во Рашкиот округ, во Србија . Бањата е позната по своите извори на природна термо-минерална вода богата со магнезиум, која помага во лекувањето на многу болести.[1]
Локација
уредиСелото се простира под шумовитите падини на планината Троглав, на брегот на истоимената река Лопатница. Се наоѓа на надморска височина од 339 м, во планинскао опкружување прошарано со пасишта. На половина пат помеѓу манастирите Жича и Студеница, во местото Богутовац, реката Лопатница се влева во Ибар . Тука започнува благо искачување по долината на реката, кон селото Лопатница и неговите селца. Со нешто повеќе од 200 жители, оваа рурално подрачје всушносте ретко населено, а месното население воглавно се занимава со полјоделство -обработка на земја и сточарство .
Историја
уредиЗа лековитите извори во Лопатница се знаело одамна. Уште во 1835 година, во тогашното Кнежевство Србија, била извршена хемиска анализа на оваа минерална вода, која по својот состав спаѓа во слабо сулфурни води и се одликува со специфичен мирис, што претставува показател дека е слабо базна.
Лековитост на бањата
уредиЛопатничка Бања поседува природна минерална вода, богата со магнезиум . Лопатничката термо-минерална помага во лекување на многу болести како што се: ревматизам, хронична мигрена, невралгија и невроза, болести на нервниот систем, мултиплекс склероза, невротични симптоми на болести на дигестивниот систем, кардиоваскуларниот систем ( тахикардија, болести на периферни крвни садови, висок крвен притисок) како и различни кожни заболувања.[2][3]
Во пречник од десетина километри од бањата Лопатница, се наоѓаат неколку извори на лековита термо-минерална вода, а најпознат е оној во Боготовачката бања .[4]
Туризам
уредиВо последнивте години дојде до развој на селскиот туризам во овие краеви. Во селото Лопатница се изградени објекти погодни за гости од земјата и странство, етно куќата „Оаза Мира“ и етно селото „Бисер Лопатнице“.
Локална гастрономија
уредиГастрономски специјалитети кои се нудат во бањата Лопатница, се елементи на традиционална српска кујна: пастрмка во таландар, домашна скара, кисела зелка или грав во глинен лонец, врвен кајмак, сирење, домашен леб или проја од брашно мелено во блиската воденица поточара, полнети пиперки, подварок, ќофте, сарма, разни пити и гибаници со зелје и коприва, сирење и кајмак. Традиционален пијалак е ладна домашна ракија .[5]
Туристички одредишта во околината
уредиВо близина Лопатничка бања се наоѓаат: Боготувачка бања - оддалечена 6 километри, Матарушка бања- 20 км,Тврдината Маглич - 14 километри, манастирот Жича - 25 км, Манастирот Студеница - 50 км.[5]
Наводи
уреди- ↑ „BANJA LOPATNICA“. penzioneri.lopatnica.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-11. Посетено на 6 мај 2020.
- ↑ „Бања Лопатница“. banja.lopatnica.com. Посетено на 6 мај 2020.
- ↑ „Banja Lopatnica“. seloturizam.com. Архивирано од изворникот на 2020-07-30. Посетено на 6 мај 2020.
- ↑ „Selo Lopatnica“. banje-srbije.com. Посетено на 6 мај 2020.
- ↑ 5,0 5,1 аутор, Sofija. „Etno selo Lopatnica“. ajmonegde.com. Посетено на 6 мај 2020.